винг винг винг винг винг.... одрпилика вака звучи кога го верглав... да напоменам само дека немам ставено ауспуси, немам ни грани ставено, директ од глава издувите за да ги наштеловам сензорите и да знам до каде е според пламените излези... значи после 5-6 саати вртење на палењето лево десно се појави моментот кога почна да кашљуца и тоа звучеше одприлика вака: винг винг брм крх крх брм брм бум БУМ БУМ крх винг винг... знаев дека сум при крај со муабетот и вртењето на тоа усрано штравче што му набив километража со имбус кључот напред-назад... го мрднав наместо 1 степен за 12 степени напред односно на касније палење... го пипнав копчето за верглање и запукаа сите издуви наеднаш на 3000 обртаи... зарока гаражата, се извештерија лугево околу мене... а пак на мене сите до едно влакна ми се исправија нагоре... си викам, полека, диши, смири се и продолжи кај што си сега она што го правиш и го чекаш скоро 1 месец...
спуштив саух до пола, намалија обртаите на 2450... го слушам работи мирно и стабилно ама премногу син пламен на издуви, тоа значи карбураторите пуштаат премногу бензин... ја повлеков сајлата за гас, запука на 8.000 обртаи без проблем, отпуштив гаста и пак се спуштија на 2450... онака со размишљање пружив рака и го спуштив саухот до крај. паднаа обртаите на 1900... ок си викам, ке треба на вакум штеловање кај пешич да се носи моторов да ги штелова карбураторите... го оставив пола минутка да работи во место, пак ја повлеков гаста ама не до крај дигна и го задржав на околу 4000 обртаи и наеднаш БУУМ низ 2 карбуратора (1 и 4) и изгаси...
стиснав на копчето за верглање час да запали час пука на карбуратор и закочува на верглање. тоа се симтпоми на прерано палење, клекнав да го мрднам давачот кон касније и тонч... едниот сензор, давач на сигнал за 1 и 4 цилиндар искршен. се поместил, пошто се убив од вртење не ги стегав до крај за да не ги заебам штрафовите и давачот го удрил сензорот па му ебал мајката...
утре имам обрски, неможам да се зезам со моторот, ама среда, ке земам сензори и ке ги сменам.... важно му чув гласот... и редно време беше...