и така почна... седна другарчево на столче, веднаш до моторот, чиракот негов карши него чучна (нормално чирак е, нема за него столче, иако у позадина се гледаат 5 празни столици, ниедна не е за него пишана) и почна да работи.
го извади капакот од радилица, метна клучот на него и почна да врти... јас се повлеков 2 метра наназад, затнав уши и очекував да извика он и неговиот чирак некаков звук на радост, да се насмее, доволно ке беше само ликот да му биде насмеан... ама он:
ме погледа со овој мртовечки поглед и се ми беше јасно.... ке има растурање на машината... од она што се плашев дека ке се деси, баш тоа и се деси. заглавува на некој цилиндар,, не дека ако не се опнеме на радилица нема да сврти, ама ке ги заебе кариките...
и така почнавме со растурање и вадење на утробата на машината... секако по ред, прво карбураторите и филтерот излегоа надвор:
па иде на ред капакот од брегастите
па излегоа брегастите на глава, се гледаат и тука имаше едно гооооолемо УФФФФФФ они се добри...
па нормало идеше главата надвор со се вентилите:
и останаа цилиндрите со клиповите да се видат... е тука веке се гледаше каде е проблемот, и тоа баш убаво се гледа иако сликано со мобилен нај десниот цилиндар ММЕ#@&#!%:
нормално и цилиндрите (деклата цела) ги извлековме останаа да се гледаат клиповите:
еве како изгледаше деклата и проблематичниот цилиндар:
а богами и со кариките имаше проблем на тој клип т.е. клип бр.4 онака стиснати во клипот останаа, бидејки корозијата си го направила своето. па мајсторов зеде некои хемикалии и спреови меѓу кои еден кој кога го прскаш иде на -40 степени и со него успеа да ги ослободи кариките па така го спасивме клипот:
и сега, од машината го има ова:
секако веке се стемни, јас на нозе одсабајле, трчи таму трчи ваму, денес до тука завршивме. утре идемо даље, секако ако ми го направат дихтунгот за деклата кон радилица што иде. малку е зезнат за правење и не сум сигурен дали ке биде остатокот од муабетот за утре или за задутре... како и да е, тековно ке известувам, а и секој кој сака нешто да праша, нека повлеи ке му појаснам...