Денес го одмараа моторот изглеа Онак не беше таму а моторот паркиран во гаражата... уз 300000 ствари на и околу него
не го одмарвме, туку пак ја растуривме цела машина. проблем... заприметив дека после 1 саат отстојување (нај малку) и кога ке го запалиш од едниот ауспух поточно десниот фрла сив дим. да кажеш карики се ојдени, нема теорија, ганц нови се, а башка и на брегасти оддушакот не чури и не дува... и така, решивме пак да отвараме.. со ред, вадење капк од глава, вадење брегасти, вадење глава и ТОНЧ СИТУАЦИЈА и за мене и за во тој момент познаниците на механиката околу мене... како може во цилиндар да има 2 прста масло? лесен одговор... преливниот канал што е од брегаста во брегаста, не ја празни чашката доволно т.е. до крај и тие 2 прста масло во текот на една ноќ, полека полека капка по капка преку вентилите во клипот директ... ама да им видевте фаци на лугето останаа подзинати, како може да има толку многу масло во цилиндар...
и така, сега, после ова, вадење еден токмак од 9 кила, мавање по блокот со цела сила и го решив проблемот за навек... доста ми беше од оваа машина... отдов кај бале во лисиче, купив иста кубикажа протропана машина од сузуки, и ете ја, сега се растура и се мењаат делови на нејзе, па бар до крај ке биде стандард моторов...
она што сакав да го постигнам е да имам стандард мотор со напимпана машина... ама испадна дека ја препимпавме. не дека неможеше и тоа да се реши со маслото... многу лесно е решењето... смени вентили нови што ке држат добро, нови гумици на вентили и ни капка нема да влезе во клип... ама едноставно мене ми препукна веке... 10 пати повеке време изгубив оправајки ја и штеловајки ја машината отколку што посветив време на целиот мотор.... кога е многу многу е... а мехатроника ми викаше, дај бе уште ова остана, да му смениме вентили и гумици, ама толку е... пуко шараф...
сега идеме јово на ново со оваа машина, да се склопи, наштелова и така... ете имам и новитет сега, кумплугот ке биде хидрауличен, ке биде на алтернатор, ке има и хладњак за масло, и машината е црна боја не е алуминска...
е тука, ми треба некој, дали знаете како да ја направам сребрена машината? со што да ја симнам таа црна боја (фабрична) а да не се изоксидира алуминиумот? или да фарбам директ преку црното, ама па да не се намали топлинскиот интервал на ладење? знае некој како е по паметно... логика?