Автор Тема: Репарација на едно старо сузуки 750-ка  (Прочитано 41805 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
сузуки. се испофалив дека го купив, и тој ден (вчера) траеше славењето лично и возбудата ме држеше до касно во ноќта, со надеж дека иако не е пален 6 години, и иако повеке од пола година стоеле отворени клиповите т.е. свекиците биле извадени а моторот “фрлен“ поред гаража, дека оние хемикалии што ги туривме во цилиндрите ке си завршат работа и моторот ке сврти без никаков проблем т.е. дека се ке биде во ред, а мене ке ми остане да го лицкам само... прв ден денес, идам во работилницата, и со себе секако го понесов ова:


со тоа се почиња нели... во желно исчекување на мајсторот да дојде зашто не сакав да почињам сам да го вртам, едноставно си почнав со полирање и рибање на маските и резервоарот... секако мораш од нешто да почнеш а во секој случај почетокот се вика РАСТУРАЊЕ од него се што има...па да почнеме:





нормално прво резервоарот беше на мета.





отако завршив со него изгледаше вака:




следува уште слики, аплоудувам во моментов....
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13717
Одг: Репарација на едно старо сузуки 750-ка
« Одговори #1 на: 22 Мај 2012, 22:11:43 pm »
Убајна :D Создравје да си го возиш па наскоро да го слушниме ѕверчето како работи!

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Репарација на едно старо сузуки 750-ка
« Одговори #2 на: 22 Мај 2012, 22:15:05 pm »
следно беше предната маска, браникот-блатобран и ветробранот... стварно во јадна состојба беа...





и секако кога завршив со нив излегоа вакви:




на ред беше опашот со штопот:






останатите мали ситници не ги сликав, ама ке се видат ма гранд пикчр кога ке биде се готово... во меѓувреме се појави мајсторот, пријателот уствари истиот оној од кого го купив моторов, и бидејки како што нагласив нејќев без него да пипам бидејки негова одговорност е да биде моторот тип топ, он да си проба дали ке биде или не, а ако не биде заедно ке го решаваме проблемот...


идат уште слики... се аплоудираат у моментов...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Репарација на едно старо сузуки 750-ка
« Одговори #3 на: 22 Мај 2012, 22:31:25 pm »
и така почна... седна другарчево на столче, веднаш до моторот, чиракот негов карши него чучна (нормално чирак е, нема за него столче, иако у позадина се гледаат 5 празни столици, ниедна не е за него пишана) и почна да работи.




 го извади капакот од радилица, метна клучот на него и почна да врти... јас се повлеков 2 метра наназад, затнав уши и очекував да извика он и неговиот чирак некаков звук на радост, да се насмее, доволно ке беше само ликот да му биде насмеан... ама он:












ме погледа со овој мртовечки поглед и се ми беше јасно.... ке има растурање на машината... од она што се плашев дека ке се деси, баш тоа и се деси. заглавува на некој цилиндар,, не дека ако не се опнеме на радилица нема да сврти, ама ке ги заебе кариките...







 и така почнавме со растурање и вадење на утробата на машината... секако по ред, прво карбураторите и филтерот излегоа надвор:


па иде на ред капакот од брегастите


па излегоа брегастите на глава, се гледаат и тука имаше едно гооооолемо УФФФФФФ они се добри...



па нормало идеше главата надвор со се вентилите:


и останаа цилиндрите со клиповите да се видат... е тука веке се гледаше каде е проблемот, и тоа баш убаво се гледа иако сликано со мобилен нај десниот цилиндар ММЕ#@&#!%:


нормално и цилиндрите (деклата цела) ги извлековме останаа да се гледаат клиповите:




еве како изгледаше деклата и проблематичниот цилиндар:



а богами и со кариките имаше проблем на тој клип т.е. клип бр.4 онака стиснати во клипот останаа, бидејки корозијата си го направила своето. па мајсторов зеде некои хемикалии и спреови меѓу кои еден кој кога го прскаш иде на -40 степени и со него успеа да ги ослободи кариките па така го спасивме клипот:



и сега, од машината го има ова:




секако веке се стемни, јас на нозе одсабајле, трчи таму трчи ваму, денес до тука завршивме. утре идемо даље, секако ако ми го направат дихтунгот за деклата кон радилица што иде. малку е зезнат за правење и не сум сигурен дали ке биде остатокот од муабетот за утре или за задутре... како и да е, тековно ке известувам, а и секој кој сака нешто да праша, нека повлеи ке му појаснам...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Репарација на едно старо сузуки 750-ка
« Одговори #4 на: 22 Мај 2012, 22:40:50 pm »
нормално додека мајсторов се зезаше со клипот јас отидов кај мајстор штраф да ја пројде деклата на полирање и затоа на сликва погоре деклата веке е стакло панчево... главата ја исчистив и средив од сите срања, ги препроверив вентилите еден по еден... на дотичниот цилиндар вентилите не ми се баш нај среќни некако, ама единствено ми останува да се надевам дека се ке биде во ред, бидејки ионака немам од каде да набавам во моментов вентили. ако испадне проблем, ке се извади само главата и ке се семанат тие 4 вентили (ова чудо е 16 вентилско)...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Репарација на едно старо сузуки 750-ка
« Одговори #5 на: 22 Мај 2012, 22:49:14 pm »
Lepota Onak. Uspeh ti pozeluvam. Ako ti e za delovi ima edno tipce nedaleku od Dupnica, ima preku 100 motori sto Suzuki, sto Honda vo delovi. Nema sto nema i na snosni ceni e.
Rasetaj se i nema da zazalis.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Репарација на едно старо сузуки 750-ка
« Одговори #6 на: 22 Мај 2012, 22:56:30 pm »
онак ги хонуваше цилиндрите?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Репарација на едно старо сузуки 750-ка
« Одговори #7 на: 22 Мај 2012, 23:17:51 pm »
онак ги хонуваше цилиндрите?

да, денес тоа го правевме кај штрафот... уствари штрафот не работи веке ама нема везе, во таа работилница...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10925
  • 430i
Одг: Репарација на едно старо сузуки 750-ка
« Одговори #8 на: 23 Мај 2012, 10:22:45 am »
Хах, Саме мајсториште, љутко низаеден :)
Со лесно да ви иде реставрацијата :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43559
  • Il Moderatore
Одг: Репарација на едно старо сузуки 750-ка
« Одговори #9 на: 23 Мај 2012, 10:34:58 am »
Море море, мераци! Со среќа со проектов, вреди ваква машина да се реставрира! Не знам до кај ќе одиш со реставрација, ама да го соголите до рам и да го префарбате и рамот, кога сте веќе до тука, не би било лошо а? Вентилите ако вредат, види дали може да се стокмат наново лежиштата на главата, да дихтуваат добро, може ќе се спасиш, ама ако ги папала р`ѓа, тешко...

BTW, ти треба едно поквалитетно апаратче, да се радуеме повеќе ние тука сеирџии од страна што гледаме ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Репарација на едно старо сузуки 750-ка
« Одговори #10 на: 23 Мај 2012, 13:02:10 pm »
Onak ;)

Сеа не знам, дали ти планирас сузукиво да го правиш да биде афтентично на оригиналот... или малце изменето...

Е сеа, ако планираш да си играш со моторчево јас би ти препорачал, да го направи НЕЈКЕТ каде, би било по фаца, по кул за возење...

За да биде нејкет, ти треба виљушка и гидан... не знам колку е идзолжен задниот трап... нормално ги вадиш, пластиките... и ставаш само фар :)

http://www.bikeexif.com/wp-content/uploads/2009/10/suzuki_gsx-r750_streetfighter.jpg

http://i299.photobucket.com/albums/mm288/motoaddiction/naked1.jpg

Ако си заинтересиранм ке ти дадам број од еден мој другар, он повеке се плетка со ваков тунинг на мотори...

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Репарација на едно старо сузуки 750-ка
« Одговори #11 на: 23 Мај 2012, 14:44:40 pm »
овој мотор плаче за cafe racer



Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Репарација на едно старо сузуки 750-ка
« Одговори #12 на: 23 Мај 2012, 18:21:58 pm »
ova mi se svigja,samo napred onak! :)

i bas bi sakal da mi kazes kolku ke trosi otkoga ke go sredite :)


Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Репарација на едно старо сузуки 750-ка
« Одговори #13 на: 23 Мај 2012, 22:19:24 pm »
фала на сите... не правам реставрација туку репарација.. сакам да го вратам во првобитна верзија како пред точно 30 години што е произведен, а тоа воопшто не ми е тешко, бидејки освен на машината на ништо друго нема направено никаква модификација...

значи да продолжам, баравте подобри слики малку... е па бујрум, денес со вкупно 14 саати безпрестан работа (за денес е таа бројка) стигнав до ова:








значи имам 32 коња повеке од оригиналната снага, извадени од постоечката машина и тоа така што деклата е симната за 11 милиметри. денес и ланчето го смаливме за 1,5 забец, радилица, клипови и вентили се од KAWASAKI GPZ GSX и така е добиена снагата од 750 кубика и 138 коња. оригиналниот е 106 коња. компресиај му е негде околу 11 и нешто, што се покажа малку како проблем за алансерот, ама мал проблем е, не е ништо очајно, а проблемот е затоа што оригиналниот мотор има компресија од 8,8 бари значи околу 3 бари повеке, што не е за потценување...



на следново видео, ке можете само да слушнете, нема да можете да гледате пошто под мишка држев резервоар, со левата рака цревото а со десната мобилниот, сакав да го овековечам првото палење на зверов после 6 години лежење...

ај на здравје... пресрекен сум... го изгасив мобилниот и почнав до таван да рипам од среќа... НЕМОЖАМ ДА ВИ ГО ОПИШАМ ЧУСТВОТО... необјасниво е... 10 минути ми требаше да се соземам... како да ви го опишам моментот кога после 24 саати работа и комплетно ментално и психичко внесување во работата на машина стара 30 години ке ви запали без никаков проблем...


идемо даље со објаснување...

е сега... ради кратењето на деклата, еден канал за масло зирнал надвор... од него почна да тече. го средивме и тоа веднаш... ама, од 4 карбуратори 3 протекоа, иако го отварав и ги чистев и пак стегав... тоа ке биде петок, зашто утре сум на пат. значи кога се тоа ке го средам, ке направам еден убав клип со поглед како изгледа запален и туража... после клипов мајсторов го запали уште еднаш го остави да призагрее и му акна пуна гас... огин излезе од цевките.. значи ке мора да идема малку на раније палење и тоа исклучиво на усисна брегаста... значи пак растурање до глава и поместување на брегастите за 1 степен назад.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6101
  • 69
Одг: Репарација на едно старо сузуки 750-ка
« Одговори #14 на: 23 Мај 2012, 22:52:48 pm »
И еден Акрапович на крај за да заличи и да добие звукче :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.