ај да си поплачам малку...
еве овој на сликава прва, ми го израстури моторот и ме расплаче како мало детенце, на кое му го зеле лижавчето...
абе... не е ни он крив... што се деси денес? па ете, запаливме, наштелувавме и палење, му закачив и ауспусите конечно, стана тивок, онака како што сакам, го добив посакуваниот ефект... ама цело време за оние миљон и незнам колку пати ги мрдавме брегастите лево десно, заприметував дека на клип 1 и 2 брегастите се некако суви и двете... или барем на клип 2 беа не доволно намастени, а на 1 суви... и откако се завршивме, ме ксна змија, ај викам вади капакот уште еднаш, да го запалиме да работи без капак на брегасти... и тоа е тоа, во право бев... на клип 3 и 4 бризгалките плукаат масло а на 1 и 2 не... дури откако поубаво се заглаедав на клип 1 на усисната почнала и да подгорува од температура маслото што се прска за монтажа... и овој погорниов на сликава вика, ајде чирак растурај (не на мене)... и почнаа да растураат.. парче по парче, дел по дел, па на крај и мењачот го симнаа, па буквално се разглобија до последно парченце... а беееее.... срцево ме заболе... се од почеток... и еве, пошто претходните слики беа релативно лоши, денес бев спремен со дигиталецот да го сликам и снимам како излага од гаража... наместо тоа, прајме реприза со него на сите делови од машината... еве слики:
и курајберов, тури рацете позади глава, и вика батка, сабота е, касно е више, ја више неможам, башка ми се прца нешто, а со клипњача не иде да се прави тоа. сега ке си седам малку тука да се одморам, ти пиј го кафето и магла на прцање по дома, а јас ке бркам работа... ееее утре задутре има време ке го склопиме... ке го тепав за малку ама ај си викам, ке мора после се сам да правам...
и еве го, рацете на тил, нозете вкрстени и баш го боли патка што моторот остана да изгледа еве баш вака:
ја гледам уште една позитивна работа од сето ова... подобар момент од овој сега да земам и да го офарбам рамот нема... кога друг пат ке биде вака на ачик спремен само да го стругнеш и офарбаш? ке има друга шанса? не би рекол... така да утре прво и основно ке иде стругање на рамот со шмиргла па фарбање... за таа пригода имам купено спреј со ситен алуминиум и уште еден спреј само лак...
тука се размишљам малку за лакот пошто сите ми велат дека ке ја затемни бојата лакот... ама ај прво ке пробам на нешто друго па ке одлучам...