Пошто човекот ја отвори темава барајќи совет за конкретен модел, ќе дадам мое мислење.
Доколку не се преголем проблем да доплатиш за 1.4. ТСИ, доплати, напрај муабет во салон, не ги гледај цените од ценовник. Јас кога земав кола, на лице место ми ја намилја цената за 800Евра и ми понудија гратис алуминиумски 15’ бандажи.
1.2 ТСИ е далку од лош, без разлика кој што ќе напише тука и колку и пристрасно да е поклоник кон одреден друг бренд. ТСИ моторите беа 2 години по ред мотори на годината, а тоа не би било така ако не се добри. И испитувани се и на работна маса и во реални услови. Моторот може да не се погоди како и секој друг до сега што не се погодил почнувајќи од ТДИ, преку Д4-Д и ЈТД и еден куп други. Се тоа е случај на веројатност.
Доколку ја експлоатираш колата претежно во градски услови, а перфорамнси не ти се толку битни, не му ја мисли. Прав погодок.
А онакви клипчиња, снимани со мобилен, па на ју-тјуб, па дрн-дрн..... ќе најдеш за се и сешто.
Исто како што јас можам да го постирам „префинетиов“ звук на Алфа:
Далеку од тоа дека не ја сакам Алфа, напротив ја обожавам и еден ден сигурно дека би сакал и да поседувам една.
Ама постирање глупости наместо осврнување кон прашање/совет/мислење ми се муабети за на голем одмор во основно училиште.
Поздрав.