Здраво другари =)
Инспириран од една тема на член кој е на истите слатки маки како и јас пред година дена, сакав да пишам збор-два за моето слатко Поло 1.2 тси. =)
Гледам дека за перформансите не мора воопшто да зборувам и дека тоа е горе-долу апсолвирана тема. Меѓузабрзувањата во град се уживање, стартна е и префинета, никад не се осеќа напрегање. На отворен пат со 5 патници и багаж, не губи ни дел од темпераментот, ни по угорници ни по свиоци. Сето тоа за доста прифатливи 6-7.5 литри на 100, во зависност од моето расположение. хехе Моторот и колата are a match made in heaven. Тука накратко да им се заблагодарам на сите што ми помогнаа во изборот.
Веќе имам поминато 11к, ставив и зимски гуми, го направив првиот сервис... Проблем посериозен сум немал. Единствен проблем што го приметив некаде во Септември, беше некое чудно механичко тропкање што го слушав само во лер, а доаѓаше од некаде предниот десен дел. Таа и инаку си има специфичен звук кога работи ама ова беше нешто плус, за нијанса погласно. Нормално се јавив во сервис, отидов, ја оставив колата.. беа фини и ми дадоа голфче као замена за тој ден, се вратив попладнето и проблемот беше решен. Од муабетот со човекот кој е одговорен за aftersales во Порше, дознав дека тој проблем го имале детектирано претходно во тси мотори на еден голф и едно широко. Во детали ми објасни што точно се случувало и од каде доаѓал, меѓутоа искрено не се сеќавам на тој дел од муабетот.. Да не тропам глупости, проблемот го решија и оттогаш не се појавил пак. Доколку има било пто друго и дополнително, секако дека ќе пишам пак...
П.С. Јас се извинувам доколку на погрешна тема го постирав ова, меѓутоа не најдов тема за поло, а темата каде се дискутираше за него е заклучена.