процедурата за проверка и дополнување на ниво на фреон е прво вадење на постоечкиот што останал, успат ке излезат и ке се исфилтрираат сите непотребно измешани елементи (микро честички од метал и тефлон пластика), па следи комплетно вакумирање на -25 бари, па според спецификација на колата се полни фреон точно колку што треба. кај мене конкретно собира рамно 900 грама фреон. со вакумирањето излезе нешто малку над 500 грама... и тоа ме кошташе 1000-че.
или можев да турам 870 грама фреон и 30 грама флуросцентна боја. цеко го прави тоа нели, и се доплаќа за таа услуга, ако сакаш тестирање за дали и од каде дише системот. ке се вратиш за 10 до 14 дена кај него и бесплатно ке ти проверат со ув лампа од каде дише. тоа е тоа што армекс го направил, за да му провери од каде дише. е сега, ако е под шалтабла, малку е веројатноста дека ке дознаат во тој момент.
кај мене знам од кај дише... под шалтабла... бебешка болест на сите волвовци. на сите од таа класа, може слободно да се каже дека е фабричка маана на тоа возило. една е*ана мала гумица на спојот помеѓу железните цевки и халдњачето после деценија и нешто окрутува и престанува да дихтува како што треба... за да се смени, треба цела шалтабла надвор, нешто што несакам баш да го правам.. затоа 1000-че секој почеток на лето и мирен сум за тоа лето... лани например, кога идев за на каршоу во гевгелија комплетно ми откажа климата... ама претходното лет не ја проверив... ова лето самоиницијативно си ја проверив, и знаев дека ке фали.