Јас сметам дека цената е сосема коректна за овластен сервис, дури и ефтина. Вадење, боење на фреон и полнење е мин. 1500 ден. Каде е проверката каде истекува (зборам за квалитетна проверка, а не мижи-да-ти-баам), одговорноста ако нешто не се направи како што треба итн...
Јас се симнав долу во сервис за да видам што прават. Профи работеа дечките, за тоа немам збор. Ги прашав тоа што ме интересираше и ми објаснија. Во сервисниот налог имаше и белешки колку степени се измерени на излез од дувалките, колку фреон е ставено, притисок на компресор и тн. Мене ми дадоа само фактура, ама интерно кај нив има податоци и историја за се што е сработено.
Сега видов на фактурата дека системот го полнеле два пати со фреон. Веројатно еднаш со обоен, еднаш со необоен.
Едно полнење изнесува 960 денари (813,56+18%ДДВ)
Работната рака им изнесува исто 960 денари
