Имам проблем со Климатроник на Голф 4 1.9 тди 90кс, дисплејот и копчињата функционираат најнормално но ниту лади ниту грее
Со проверката на авто дијагностика која што ја поседува самиот клима уред покажува шифра 0214 - Supply Voltage. Дали некој се сретнал со ваков проблем претходно и кое би било можното решение за проблемот. Фала
клима во возило не грее... само лади.. греењето е преку парното...
провери ги осигурачите сите. ако се во ред, треба да се проверат релеите за перката. перката има еден отпорник преку кој се менува брзината на копчето-потенциомерот. тој отпорник знае да цркне т.е. да се стопи пошто многу грее и се наоѓа некаде во тубата на перката, т.е. таа дува низ него. тој неможеш да го провериш ти...
после осигурачите и релеите, ако не средиш, следен логичен чекор би ти било кај авто електричар.