Годинава во Април престана да лади климата. Кога пуштав AC само зуеше/брчеше компресорот но не ладеше. Ја однесов на мајстор за клими, наполни фреон, и ми рече дека компресорот не бил ок. Но кога отидов да ја зимам колата баш тогаш почна да лади убаво, па неговото објаснување било дека се „разработил“ компресорот, можно е запушен да бил (?) .. како и да е, не се смени компресор и ништо друго. Наполнија фреон со УВ боја и се беше ок на почетокот, ладеше многу добро климата. Пред околу 2-3 недели веќе се намали, не лади убаво. Малку ладно накај млако дува.
На Др. Ауто додека менуваа сет каиши им реков да ја проверат и климата но не нашле ништо со УВ ламба. Нешто спомнуваше кондензатор/испарувач, ваљда тешко кај што се гледа
Кој е најпрепорачан мајстор за клими, ВАМ ли?