Автор Тема: Problem so klima  (Прочитано 204451 пати)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5046
  • The Spartan General
Одг: Problem so klima
« Одговори #765 на: 25 Април 2019, 14:02:18 pm »
Бузуки 2-3 денари е грам фреон. БМВ-то собира околу 700 грама фреон. 1500 - 2000 денари ќе те чини целата процедура. Многу муабет правиш, глупости купуваш за бенвето, наместо да го средиш тоа што треба.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Problem so klima
« Одговори #766 на: 25 Април 2019, 14:05:37 pm »
Па незнам дали е сигурно со тоа ќе се реши проблемот..Досега зима беше па не користев клима така да сега ќе мора да го средам..

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6448
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Problem so klima
« Одговори #767 на: 25 Април 2019, 14:14:29 pm »
A масло на компресорот кога менувате?

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Problem so klima
« Одговори #768 на: 25 Април 2019, 14:28:04 pm »
Што е тоа ? :D

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: Problem so klima
« Одговори #769 на: 26 Април 2019, 08:05:41 am »
Па незнам дали е сигурно со тоа ќе се реши проблемот..Досега зима беше па не користев клима така да сега ќе мора да го средам..

А да си ја провериш убаво ти перката, да не и е отидена електрониката, па затоа да гаси кога ќе уклучиш клима.
Електричната перка е еден од деловите на БМВ кој слободно може да влезе при потреба во голем сервис.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Problem so klima
« Одговори #770 на: 26 Април 2019, 17:07:59 pm »
Ете прееска ја запалив климата си се пушти перката... Ја гасам си угасна.. Олади малку колата, ја палам пробувам несака да се пушти.. Све си мислам некое реле дупи... Ќе отворам посебна тема..

Отсутен PijsikavePijsitutun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 67
Одг: Problem so klima
« Одговори #771 на: 30 Април 2019, 09:35:04 am »
Mi ja sredija klimata vo Avtokontrol vo Prilep za 1h. Deckite se spremni, dosega sum nemal loso iskustvo. Pustase od edna cevka i imase skinati zici, nekoj nesto probuval da napravi/rasipi. Mi stavija i boja za sekoj slucaj da ne pusta po malku od drugo mesto sto ne mozi da se zabelezi odma.
Sega slobodno neka nakacuvaat temperaturive :)
Колку кошта проверка+сервисирање+полнење во Автоконтрол?

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Problem so klima
« Одговори #772 на: 30 Април 2019, 15:28:44 pm »
Mi ja sredija klimata vo Avtokontrol vo Prilep za 1h. Deckite se spremni, dosega sum nemal loso iskustvo. Pustase od edna cevka i imase skinati zici, nekoj nesto probuval da napravi/rasipi. Mi stavija i boja za sekoj slucaj da ne pusta po malku od drugo mesto sto ne mozi da se zabelezi odma.
Sega slobodno neka nakacuvaat temperaturive :)
Колку кошта проверка+сервисирање+полнење во Автоконтрол?
Ne znam da ti kazam cena, bidejki servisiranje e sirok poim i mnogu zavisi dali i kakov problem imas so klimata. Za polnenje so freon okolu 500gr zemaat 1200 denari. E sega dali za poveke freon naplakaat poveke ili isto ne znam. Najdobro da pojdis direktno tamu da si prasas.

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 789
Одг: Problem so klima
« Одговори #773 на: 30 Април 2019, 16:01:32 pm »
Јас во алфа (технички, Лагово) ја носам за такви работи, имаат далеку поевтини цени и одлична услуга.
« Последно менување: 30 Април 2019, 16:24:42 pm darkserial »
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен PijsikavePijsitutun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 67
Одг: Problem so klima
« Одговори #774 на: 30 Април 2019, 18:32:08 pm »
Јас во алфа (технички, Лагово) ја носам за такви работи, имаат далеку поевтини цени и одлична услуга.
Пред 3 години најскапо баш таму ме фати, 5 пати му повторив да ја провери дали тиши некаде пред да ја наполни, ми наплати и боја во фреонот,  по два дена заминав на одмор за Грција и веќе 4тиот ден се варев внатре, фреонот истиши комплет.
Попатно во сервисов го дупеше нешто апаратот за полнење, губеше ли притисок или не знам што, или пак не знаеше да го работи, па се вртеше пола саат околу него, демек после почна да полни и си чекав уште саат време, ми зеде 2000ки со муабет дека ја проверил и наполнил и ми вика топ е климата исправна е се не пушта никаде без гајле шибај летово и ете до кога.
Кога се вратив од одмор му отидов да види кај истишила климата се правеше дечкото како од Марс да е паднат, ми вика ништо не бил крив оти истишила демек тој кога ја видел  никаде не пуштала (што да видам не верувам дека преку ноќ одма почна да пушта климава), вика ако сакаш плати си одново полнење и уште екстра да ја испитам целата и ќе знаеме дали пушта некаде. Отидов на друго место, сменија 2 стеги кај компресорот и климата беше ок следните 2 години, лани пак ме издупи и го испушти прилично брзо, ваљда пак е почната да попушта некаде па затоа сакам да ја проверам пред да ја полнам.
Од тогаш веќе ниту регистрирам возило, ниту сервисирам таму кај нив.

Отсутен Golf V

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Problem so klima
« Одговори #775 на: 07 Мај 2019, 19:39:05 pm »
ХЕЛП МИ. Имам проблем со климата. Се работи за Голф 5. Кога ја купив колата беше блокиран компресорот, бев во Кочани кај мајстор за автоклими, го сменивме компресорот, проверивме со воздух за да не диши од некаде се беше во ред и наполнивме фреон, бидејќи немаше ни за лек.. Се убаво климата преработи и си ладеше безпрекорно 2 дена, додека одеднаш однема.. ми се случи да почне да лади во вожња, но тоа беше последно вклучување. Се вратив кај мајсторот и сменивме вентил повторно не дуваше, сменивме друг компресор, не дуваше, НО кога го поврза компресорот со струја со жички почна да дува додека е поврзано. Ми рече дека има проблем со струјата, отидов во Чешиново кај мајстор
ЦОФ, ја стави на компјутер и ми вика вентилот на компресорот не е во ред и не отвара, што не е до тоа бидејќи претходно мајсторот за клими уште што не испроба...
Ако некој друг од вас имал ваков проблем ВЕ ЗАМОЛУВАМ дајте совет, упатство за мајстор што би ја оправил оти стварно не е било каков проблем, а временцето кај и да е ќе си се стопле не е работа да се печам..

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 789
Одг: Problem so klima
« Одговори #776 на: 07 Мај 2019, 22:40:40 pm »
Во Прилеп има добар мајстор ако не ти е далеку :)
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2351
Одг: Problem so klima
« Одговори #777 на: 08 Мај 2019, 09:30:23 am »
ХЕЛП МИ. Имам проблем со климата. Се работи за Голф 5. Кога ја купив колата беше блокиран компресорот, бев во Кочани кај мајстор за автоклими, го сменивме компресорот, проверивме со воздух за да не диши од некаде се беше во ред и наполнивме фреон, бидејќи немаше ни за лек.. Се убаво климата преработи и си ладеше безпрекорно 2 дена, додека одеднаш однема.. ми се случи да почне да лади во вожња, но тоа беше последно вклучување. Се вратив кај мајсторот и сменивме вентил повторно не дуваше, сменивме друг компресор, не дуваше, НО кога го поврза компресорот со струја со жички почна да дува додека е поврзано. Ми рече дека има проблем со струјата, отидов во Чешиново кај мајстор
ЦОФ, ја стави на компјутер и ми вика вентилот на компресорот не е во ред и не отвара, што не е до тоа бидејќи претходно мајсторот за клими уште што не испроба...
Ако некој друг од вас имал ваков проблем ВЕ ЗАМОЛУВАМ дајте совет, упатство за мајстор што би ја оправил оти стварно не е било каков проблем, а временцето кај и да е ќе си се стопле не е работа да се печам..
Голф 5 и колите од групацијата (2004-2009) имаат фабричка мана на компресорите и ако не се внимава рикнуваат лесно. Ако не се внимава на нивото на фреонот (при тоа не мислам да оди да се дополни кога ќе престане да лади и скроз ќе снема туку да се контролира пред почеток на секоја сезона и дополни по потреба), компресорот се оптеретува и почнува да се рони одвнатре (клипчето и ѕидовите), да се прават шпончиња, кои циркулираат во системот и го запушуваат системот и последица рикнува компресор. Ако не се исчисти цел систем, џабе нов компресор, ќе го рикне за многу кратко време. Се проверува филтерот на климата (едно како цевка) и се препорачува и тој филтер да се смени заедно со компресорот кога се менува, а да се провери/исчисти ладњакот на климата. Во секој случај колата треба да ти ја погледне некој стручен, моја препорака А.Ц.Е. клима (Вебасто) кај поранешно Раде Кончар, Сашо им е главниот и најстручниот....
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен MarioMKD

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Problem so klima
« Одговори #778 на: 02 Јуни 2019, 10:43:12 am »
Доколку имал некој ваков проблем ако може да каже решение пред да почне да се носи на мајстори колата,се работи за Сеат Леон 1.9 ТДИ 2007год климатроник,кога се пушта климата после 1-2мин возење почнува да испушта дим од вентилацијата и многу слабо лади дури неприметно.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2351
Одг: Problem so klima
« Одговори #779 на: 03 Јуни 2019, 08:31:11 am »
@MarioMKD Проверка на системот за ладење (климата) е бесплатен на кој било мајстор, за да не претпоставуваш и ти и ние, најдобро однеси ја и ќе ти кажат одма што е работа, може е нешто банално од типот на недостиг на фреон, провери ја прва прилика, не чекај да запуца летото
Претпоставката е мајката на сите заебувања