Јас имам еден проблем што неможам да го реплицирам кога сакам, па ми требаат идеи за кај да идам да ми го откријат.
Има едно како гребење/зуење(како лагер зезнат звучи) при возење (у место не сум го приметил) со клима. Возам цело време со клима не ја гасам никогаш а звукот се појавува чат-пат, ако ја изгасам климата звукот го снемува и го нема без клима (зимото не го приметив ни еднаш на пример). Ако ја вратам климата може пак да се појави ама најверојатно нема да се појави (посебно ако е изгасена подолго време - 20-30 секунди).
Ако го игнорирам и си возам ке варира звукот ама после некое време ке го снема.
Бев кај мајстор за клими, се возевме малце за да може да слушне ама едвај еднаш кратко се појави, дечкото не го поврзуваше со климата, демек ке зуе цело време ако е компресор/лагер.
Климата си работи нормално, нема проблем со ладењето.