Ако остане стариот пат во употреба, ќе се случи истото што се случува и со Скопје Тетово, 80% од колите ќе возат по стариот пат. Причината е едноставна, патарините се скапи за наши услови. Имаме апсурдна ситуација каде повеќе пари се трошат за патарина до Куманово отколку за гориво.
Така да или патарините ќе бидат одраз на стандардот на граѓаните или мобилноста во патничкиот сообраќај се повеќе ќе се намалува.
Уште еден апсурд, зошто да се плаќа АО врз основа на кубикажа/коњажа? Зошто мојата кола со скроми 116 кс да биде во претпоследното скалило за висина на АО. Како може некој што има пари да плати кола од вредност 40.000 со мотор од 100 кс (пример Мече А класа со всичките екстри) а да плаќа помалку од мене за АО?
Работите не се црно бели, проблемот е што одамна се испомешани критериумите за еднаквост
@Куоре
Патиштата ги поебуваат неквалитетно завршена работа и камионите. Таман работа патот да го поебе кола од 1.3 тони.
пс се прашувам кога ќе почнеме да збориме на форумов за тоа колкави се платите и социјалните бенефиции во Германија со Македонија, а не цело време да се зборело, таа кола чинела тука толку во Германија онолку, патарините толку, кај нас волку итн...
Другарка моја, само врз основа на тоа што има две деца и нема работа во Германија (без нивно државјанство) зима скоро 1000 евра месечни примања до незнам која година. Па после зборете ми за вакви глупости.