Не е битно што сите улици што ги направија сите до една премногу брзо се амортизираа,битно е дека нешто направиле.
Епа се додека така се размислува ќе идеме назад,нема ни во место да стоиме.Сепак,од нашите пари се прави се тоа и треба да се бара тоа да биде најквалитетно направено,кога веќе е платено за такво.
Ова е особено, особено важно. Сè додека се размислува со „најевтина понуда“ филозофијата, џабе се прави што и да е. Односно, фино е што се направило - ама наместо тоа што се направило да трае (измислувам) 50 години, ќе трае само 2.
Конкретен пример ми е мостот Обединети Нации. Се крпи екстензивно
секоја година. Минатата зима го крпеа
четири пати во еден месец, а целосно е реконструиран во 2002 или 2003. Ај што тогаш не бил направен како што треба, него и сега само го прикрпуваат, и дупките се прават цело време на истите места.
Како и да е.. Мостот на излез од Скопје беше потребен - тука нема муабет. Претрчуваа(т) луѓе цело време. Ете, барем се направи. Добар потег.