Автор Тема: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?  (Прочитано 560186 пати)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1695 на: 07 Декември 2015, 15:41:52 pm »
Он си какаше и за пешачкиот мост пред Скопје што се правел три години а го истераа за неполни 6 месеци и второ кој мисли дека е поголем стручњак слободно нека земе нека направи подобро ама сите се големи стручњаци за пљукање и ништо повеќе.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1696 на: 07 Декември 2015, 22:34:46 pm »
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9119
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1697 на: 07 Декември 2015, 22:45:30 pm »
Actunh и Мартин

Да ке зборувам за се што ми смета. Според вас што треба да се кути, несмеам ниту на форум да испокакам? Незнам може за вас е нормално очигледно сте навикнале.

Да за пешачки мост 6 месеци ало не ме заебавај во кој век живееме.

Мартин колку години имаш? Што работиш кај живееш? Ај порасни малце и размисли пред да напишеш нешто. Прво и основно никогаш и никаде не сум ќутел, ниту ме знаеш ниту познаваш за да го пишуваш тоа што го пишуваш. Мојот пост е многу реален и вистинит а ти ако сакаш да се залажуваш твоја работа. Кога ке работам таму каде што треба за да зборувам за ова ке зборувам исто како што правам таму каде што работам сега.

Не ја споредувај со јапонија, спореди ја со ебаната бугарија, банско и маврово. За понатаму не мора

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1698 на: 07 Декември 2015, 23:04:36 pm »
Извини другар грешка сум бил, не го направиле за 6 месеци туку за точно 3 месеци. Ако се палиш на јутуб клипови кај кинезите или јапонците тогаш ок - имаш право да мрчиш, ако имаш завршено градежен и си експерт за градба сам ќе знаеш дали претерале или времето си е таман.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9119
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1699 на: 07 Декември 2015, 23:23:56 pm »
Абе ок ако мислиш така, и не се 3 месеци секој ден поминувам таму, правиме муабет за челична конструкција која се монтираше само.

Не се палам на Јапонците него им се восхитувам на тоа што го прават, сепак тоа го прават луге исти как нас од крв и месо а не вонземјани нели..

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1700 на: 07 Декември 2015, 23:36:46 pm »
Добро чим ти викаш така само изгледа те лаже нешто времето
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=A181C74D13B3BB44857EBF565AA57DCA
бтв надвожњак над автопат се прави а не во нива па онака да го испукаат за две недели а тоа дека бил само челична конструкција и дека се монтирало само пак изгледа те лаже снагата :)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9119
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1701 на: 08 Декември 2015, 00:08:42 am »
ОК еве нека е така а мслам дека се затвори многу порано од 25 ти август но еве нека е така. Реално таму не се работеше нон стоп за да се избегнат гужвите кои се правеа.
Не прават на нива ама 3 ленти држат затворени цела страна значи може непречено да работат.

Исто така мислам а не сум сигурен дека те не е пуштен за намената за која е направен ама викам не сум сигурен, знам само дека не сум видел човек да поминува

Нема везе јас мислам дека е многу ти не. Не мислев со толку да се фаќам што кога и како туку го спомнав уше одамна како пример

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4288
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1702 на: 08 Декември 2015, 08:43:01 am »
ајде за едно 50 години ќе ги стигнеме германците од пред 30 години,не е тоа многу,стрпете се.
Не е битно што сите улици што ги направија сите до една премногу брзо се амортизираа,битно е дека нешто направиле.
Епа се додека така се размислува ќе идеме назад,нема ни во место да стоиме.Сепак,од нашите пари се прави се тоа и треба да се бара тоа да биде најквалитетно направено,кога веќе е платено за такво.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29806
    • CARclub.mk
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1703 на: 08 Декември 2015, 09:23:22 am »
Не е битно што сите улици што ги направија сите до една премногу брзо се амортизираа,битно е дека нешто направиле.
Епа се додека така се размислува ќе идеме назад,нема ни во место да стоиме.Сепак,од нашите пари се прави се тоа и треба да се бара тоа да биде најквалитетно направено,кога веќе е платено за такво.

Ова е особено, особено важно. Сè додека се размислува со „најевтина понуда“ филозофијата, џабе се прави што и да е. Односно, фино е што се направило - ама наместо тоа што се направило да трае (измислувам) 50 години, ќе трае само 2.

Конкретен пример ми е мостот Обединети Нации. Се крпи екстензивно секоја година. Минатата зима го крпеа четири пати во еден месец, а целосно е реконструиран во 2002 или 2003. Ај што тогаш не бил направен како што треба, него и сега само го прикрпуваат, и дупките се прават цело време на истите места.

Како и да е.. Мостот на излез од Скопје беше потребен - тука нема муабет. Претрчуваа(т) луѓе цело време. Ете, барем се направи. Добар потег.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10990
  • 430i
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1704 на: 08 Декември 2015, 09:32:09 am »
Со секое крпење си капнува процентче во џеб :)

Илинденска кога ја правеа? Не ми кажувајте дека не ги осечате нерамнините пред екс Америчка. Јане Сандански го правеа летово, веќе е пропаднат на неколку места... итн.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6506
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1705 на: 08 Декември 2015, 09:35:48 am »
Незнам конкретно за какво крпење станува збор, ама исто како и вашите автомобили, така и патиштата треба редовно да се одржуваат. Е сега дали тоа крпење/реновирање е резултат на лоша почетна реализација кога мостот бил нов и направен неквалитетно, е сосема друга работа. Ако нешто се крпи секоја година, веројатно тогаш самиот почетен квалитет кога се правел тој пат е под знак прашалник. Но редовно реновирање на секој 2-3 години е нешто сосема нормално каде што има сообраќај, особено камиони, автобуси итн.

Јас не се слагам дека тоа крпење е резултат поради тоа некој да си лапне париче, него квалитет се нема. Тоа е тоа.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55054
  • Махер
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1706 на: 08 Декември 2015, 09:36:08 am »
Само Качанички пат остана срање кое треба да се среди. Крајно време е веќе.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10990
  • 430i
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1707 на: 08 Декември 2015, 11:01:26 am »
Јас не се слагам дека тоа крпење е резултат поради тоа некој да си лапне париче, него квалитет се нема. Тоа е тоа.

Пиши една логичка причина зошто еден паркинг би се покрил со павер ако знаеш дека за 2 месеци ќе се раскопа за да се менуваат цевки за топлификација. И после 2 месеци го покриваш со нов павер.
М?

Не може да се прави булевар по стандарди и после 2 месеци да пропадне. По кои стандарди е правен?
Или наместо тампон ХХ сантиметри, ќе се договориме да се стави ХХ-У сантиметри а разликата ќе си ја поделиме. Па ќе пропадне, голема работа, наредната година ќе пополниме со асфалтче малку.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6506
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1708 на: 08 Декември 2015, 11:10:51 am »
Јас не се слагам дека тоа крпење е резултат поради тоа некој да си лапне париче, него квалитет се нема. Тоа е тоа.

Пиши една логичка причина зошто еден паркинг би се покрил со павер ако знаеш дека за 2 месеци ќе се раскопа за да се менуваат цевки за топлификација. И после 2 месеци го покриваш со нов павер.
М?

Не може да се прави булевар по стандарди и после 2 месеци да пропадне. По кои стандарди е правен?
Или наместо тампон ХХ сантиметри, ќе се договориме да се стави ХХ-У сантиметри а разликата ќе си ја поделиме. Па ќе пропадне, голема работа, наредната година ќе пополниме со асфалтче малку.
Па немање квалитет/мозок/правилно планирање како сакаш кажи го. Мислиш со оваа очајна лоша децентрализација му е гајле на некој дали ако сега се направи паркингот а после 2 месеци треба да се раскопа за нешто трето, знае некој за тоа? Институциите се координирани меѓу себе? На пример ако паркингот е на ПОЦ, решиле да го реновираат ама не знаат дека топлификација за 1 месец ќе треба да менува цевки на пример. И кој е крив тука? Законот? Или немање мозок. Има некаков годишен план за ова на локално ниво? Или работава е ако се расипе нешто ајде копај, ако не супер е.

Тоа ти викам, можеби има стандарди како ние што си имаме супер закони ама никој не ги почитува = нема квалитет.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10990
  • 430i
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1709 на: 08 Декември 2015, 13:00:21 pm »
или нашол начин да не ги почитува
одамна си отселен така? :)