Денеска го возев патот Куманово - Св.Николе, поточно возев до едно 20км пред Св.Николе. Дупките од претхдниот пат закрпени, на некои места толку лошо што не знаеш дали е подобро што се закрпени или да ги оставеле какви што се. На три места имаше дупки со дијаметар од 40-50 см и да не јадам бурек едно 20 см длабоки (сигурно паѓале метеорити

), катастрофа. Не дај боже да се разминуваш со друга кола баш каде е дупката. Ти се ебаа и гуми, и бандажи и предница. На две места се на средина на коловозот и на едно место на десната страна од лентата во правец према Куманово. Ако некој го вози патов нека биде многу внимателен. тешко дека ќе им стават асфалт во скоро време.
П.С Кога возите по истиов пат во правец кон Куманово, пред мостот на Пчиња прекрстете се три пати пошто има три решетки или не знам што беа на самиот мост кои нема шанси да ги избегнете а се стварно заебани.