Јас да кажам некои мои искуства од европа во врска со патарина.
Секаде се плаќа без разлика дали се поправа или не, во Италија има пат Страда статале, национале и слични кои најчесто возат паралелно со автопатот, потесни се и не се плаќаат, често се забранети за камиони. Во секој случај има опција да отидеш било каде без да бидеш принуден да платиш т.е. да користиш автопат.
Германија за коли не се плаќа камионите плаќат во зависност од степен на еуро норма, околу од 13 до 18центи (мислам) имаш апарате со џпс и на секој излез - влез на автопат титка и си зема пари. Се наплаќаат само автопатиштата и некои поголеми национали. Интересно е што пред да ја воведат патарината (претходно било бесплатно) имале некоја студија и пресметале дека доколку градат пунктови на секој излез ќе им биле потребни над 20 год да си ја повратат инвестицијата. Во германија има некоја најава дека ќе почне да се наплаќа и за коли, ако биде така очекувам да се намалат гужвите на автопат.
Австрија за коли винета, камиони апаратче, скапо е упм, се плаќаат и некои поголеми мостеви и тунели, исто важи и за кола, екстра доплата за специјални мостеви и тунели.
Франција рампи, по автопат да ти мерак да возиш, нема гужва затоа што се плаќа и за коли и сите си бегаат по национали
Швајцарија кола винета, камион плаќа од влез до излез од држава,(си принташ документ со километри на влес и на излез те проверуваат на пункт) 90еуро центи по километар, најскапа патарина во европа имаат.
Норвешка рампи, шведска и данска за камион винета, за кола не знам, можно е и да е бесплатно.
Словачка, Унгарија, Бугарија винетки.