Според утврдената динамика тече изградбата на новиот автопат Демир Капија - Смоквица
Регион - Демир Капија
Сабота, 07 Септември 2013 18:54

Пробиени се двата тунели кај Демир Капија и грчката фирма изведувач Актор работи во внатрешноста на тунелите. Внатре се тампонира подлогата на патот во должина од 2,4 км, во двата тунели, работниците ги бетонираат патеките по краевите на тунелите и се подготвува подлога за постилање на асфалт. Според инжињерите на Актор досега се завршени околу педесет отсто од работите и интензивно се работи на дозавршување на градежните работи.
Ова градилиште се наоѓа на почетокот на новата автопатска делница од северна страна. Второто е на локација од јужна страна, над селото Миравци. Таму е пробиена скоро целата траса на патот на кој работат 420 камиони и друга механизација.

По денешната посета премиерот Никола Груевски рече дека бил инпресиониран од глетката.
- . Се работи со силно темпо и засега нема некои посебни проблеми. Финансиската конструкција е заокружена и не очекуваме проблеми. Задоволни сме од темпото на изградба оти е најважно да не се доцни, за да не се изгубат дел од средствата, рече Груевски.
Новиот автопат Демир Капија - Смоквица се гради една година, долг е 28 километри и за неговата изградба државата вложи 210 милиони евра. Целосно ќе биде готов во 2016 година по што се очекува да ги подобри условите за патување на коридорот 10. /Б.Н.Т
LosiPatista