Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Цитат: Simo - Carrier166 на 08 Септември 2013, 09:17:37 amЦитат: cuoresportivo166 на 01 Септември 2013, 10:31:01 am За пример би ги земал патарините во Италија и Франција.Тука веќе завршува муабетот со патарините. После Франција, само немање патарина може да биде подобро. Како и да е, и таму на автопатиштата знае да се загуши сообраќајот. Јас фатив rush hour пред Париз, доаѓајќи од југот на Франција, имаше колона во 5 ленти од неколку десетици километри.Никаде,ниту еднаш,на ниедна патарина во Франција не сум заглавил,затоа пишав. А вечерва на враќање од Софија,преку Благоевград,скоро до Сандански,колона од преку 120км во обратен правец,а тек па да имаат патарини..... Буквално кола зад кола,ЦЕЛИ 120км,на некои места не се ни движеше колоната,дефинитивно најголема гужва што ја имам видено досега.
Цитат: cuoresportivo166 на 01 Септември 2013, 10:31:01 am За пример би ги земал патарините во Италија и Франција.Тука веќе завршува муабетот со патарините. После Франција, само немање патарина може да биде подобро. Како и да е, и таму на автопатиштата знае да се загуши сообраќајот. Јас фатив rush hour пред Париз, доаѓајќи од југот на Франција, имаше колона во 5 ленти од неколку десетици километри.
За пример би ги земал патарините во Италија и Франција.
има ново отворена дупка кога идеш од палас према илинденска кај воена болница резултирав со пукнат бандаж,се да им ебам
Цитат: Smichka на 09 Септември 2013, 13:27:29 pmима ново отворена дупка кога идеш од палас према илинденска кај воена болница резултирав со пукнат бандаж,се да им ебамe aман бе? шо дупка ќе беше па бандажот да се онади?колку возеше?
За градските власти, единственото решение за надминување на сообраќајниот хаос поради кој се формираат повеќе „тесни грла“ во Скопје и е речиси невозможно да се вози, го гледаат во изградбата на подземна сообраќајница. Деновиве, сообраќајот е во целодневен колапс. Од 7.30 до 18 часот улиците низ Скопје се целосно оптоварени со возила кои стојат долго време бидејќи движењето оди бавно. Вработените доцнат на работа, учениците на училиште, затоа што дури и навреме да се излезе од дома никогаш не се знае кога ќе се стаса до саканата дестинација. Иако најинтензивниот застој е во Центар, сепак и возачите од периферните населби не можат да куртулат од долготрајните колони и чекање. На потегот од Тафталиџе до Капиштец почнува увертирата на долгите колони, а вистинските проблеми им се случуваат на возачите кои треба да го преминат и централното градско подрачје, каде гужвата е најголема. - Проблемот се случува веќе 10 години наназад. Најкритично е во централното градско подрачје бидејќи нема оформен мал ринг и единственото решение за сообраќајниот метеж е подземната сообраќајница. Таа се планира четириесет-педесет години - вели Неделчо Крстевски портпарол на Град Скопје. Сметките за такси услугите растат, бидејќи поради хаосот и спорото возење тргни-застани, потребни се најмалку 20 минути за да се стигне од Кисела Вода до Центар, додека возењето од Аеродром до Центар трае 30 до 40 минути. Речиси невозможно е да се помине улицата Свети Кирил и Методиј (поранешна Мито Хаџивасилев Јасмин), без дваесетминутно чекање да се отворат семафорите. Огромна е колоната автомобили и автобуси на улицата Крсте Мисирков на потегот од Веро Центар се до семафорите близу Макпетрол. Во утринскиот шпиц ова растојание се минува за 12-16 минути. Најголемиот метеж е во центарот на Градот и во приодите од другите населби кон центарот на градот. Метежот почнува од приодите кај Железничката станица, кај Универзитетската библиотека, Рузвелтова, Водњанска. Голем метеж и колони возила се прват и на улиците кои се еднонасочни, што особено е карактеристично за улицата 50. Дивизија од каде се слеваат нaјголем дел од возилата што излегуваат од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Мирослава Симоновска