Има повеќе проблеми со патарините.
Која е овај пат незнам, ама ќе ги набројам дешавките што се случуваат периодов:
Главниот го укинал еврото, како платежно средство. Камионџиите го нашле и за малку не го обесиле на терминал.
Во Куманово не му даваат доволно пари за кусур. Кумановчани го знаат тоа и сите доааѓат со 1000ден и се прават на удрени дека немаат по ситно. Поминуваат 50 коли за другите нема пари.
На новиот тендер за апарати за кредитни картици, доби некоја друга банка од претходно. До сега се титкаше картицата и леташ, 5 сек работа.
Од сега:
Даваш картица.
Тој куца бројка со 2 децимали.
Ти дава апарат да пишиш пин или потпис.
Па се чека верификација.
Па фискална
И терај.
Треба некој попаметен да ги откорни рампите, па нека се траштаат овие нашите.