Нашата беше нова, прва Xantia воопшто во Македонија, одржувана цело време кај Дич во Радишани. Ја имавме 15 години, и ни еднаш немаше никаков дефект. Од прв ден си работеше како што треба, само еднаш е мењат дихтунг на глава, на некои 120.000 км.
Редовен сервис, замена на потрошни делови и проверка на притисок во „бомбите“, и тоа е тоа. Прекрасна кола. 1.8i со 103 коња, трошеше во град као Алфа Ромео, а на отворен пат смешно малку. Ден денес ми фали.