Автор Тема: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?  (Прочитано 736835 пати)

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3745
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4050 на: 24 Декември 2025, 07:00:46 am »
Го изгледав видеото, но не се согласувам со прикажаното. Пред околу месец и пол се возев со воз од Скопје до Куманово (тргнување околу 16:30, карта 78 денари). Црвениот воз беше чист и уреден од поновите чинам беше кинескиот од време на грујо, и сè функционираше како што треба. Патувањето траеше околу 45 минути. Единствена забелешка е што тоалетот не беше во функција не знам како е до други градови но ова е најкратка рута да се човек провози со воз. Во разговор со кондуктерот дознав дека инфраструктурата е подобрена и дека рампите работат беспрекорно. Според моето искуство, видеото не ја прикажува реалната состојба. Ги охрабрувам сите да се провозат и сами да се уверат убаво е чувството повторно да се користи железничкиот сообраќај.
Она што навистина загрижува е огромното количество ѓубре покрај пругите, особено во делот позади Пивара тоа е навистина ненормално и остава грда слика покрај пругите.
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3745
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4051 на: 28 Април 2026, 20:53:22 pm »
Мрсно појачана патарина... Лапај
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7852
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4052 на: 28 Април 2026, 22:06:08 pm »
Мизерија!


1994-та во истото село учев основно. После 32 години, сеуште истиот проблем. Тука има 2 пруги, една до друга, едната за Србија, другата за Бугарија.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4678
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4053 на: 26 Јуни 2026, 10:54:06 am »
Деновиве читав по фб, прашуваат србите од кај да се иде за грчка, дали преку Богородица или Меџитлија, поготово за на Јонско, и имапе коментари дека боље да се чека на Богородица отколку да се иде преку Прилеп Битола. Јас пре би преку Меџитлија отколку да чекам у гужвата на Богородица, многу ме изморува тоа стоење во место и цело време тргни застани, ногата ми се уморува, и после сум скапан. Пре би возел по регионални и било какви патишта, само да не се ептен крш да оштетиш кола, него да стојам у гужва. Каква е ситуацијата сега од Градско до Меџитлија? Да си ја терам таа рута како што ми е планирано?

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4054 на: 26 Јуни 2026, 11:00:28 am »
Имаш 20тина километри по стариот пат Прилеп - Битола. Тука се вози побавно и може да има оштетувања на асвалтот, иако пред некое време почнаа со поголемо крпење, така да може и да се средени. Другиот дел од патот е добар. Градско - Фариш(26км) е новиот експресен пат. Плетвар си е како што си беше. Битола - Меџитлија е тесен но со нов асвалт.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18127
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4055 на: 26 Јуни 2026, 11:14:01 am »
Деновиве читав по фб, прашуваат србите од кај да се иде за грчка, дали преку Богородица или Меџитлија, поготово за на Јонско, и имапе коментари дека боље да се чека на Богородица отколку да се иде преку Прилеп Битола. Јас пре би преку Меџитлија отколку да чекам у гужвата на Богородица, многу ме изморува тоа стоење во место и цело време тргни застани, ногата ми се уморува, и после сум скапан. Пре би возел по регионални и било какви патишта, само да не се ептен крш да оштетиш кола, него да стојам у гужва. Каква е ситуацијата сега од Градско до Меџитлија? Да си ја терам таа рута како што ми е планирано?

Пред 3 години бев од таму, прилично пристојно поминав. Се вози поспоро и станува досадно малце, ама немаше драми освен тук таму некоја рупетина која требаше да сецнеш за да ја избегнеш. Ако крпеле сеа скоро, сигурно е подобро од тогаш.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6382
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4056 на: 26 Јуни 2026, 11:25:28 am »
Пожелно е сите километри од Пп кон Бт да се извозат по стариот пат. Не вреди да излегуваш на “новиот” пат кога е во полоша состојба од стариот.
Стариот само од Тополчани до пругаата е батал, допропадна заради зголемениот сообраќај, другото е сосем океј. И не треба шигарење оти земјоделската сезона е во полн ек.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7359
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4057 на: 26 Јуни 2026, 12:26:05 pm »
Ела си од Битола само не се фали многу, не шири, викај му се заебав, требаше по царскиот пат да одев не по оној низ села.

Ќе ти се укочи ногата по автопат без темпомат, од овде поактивен ќе си, од камиони, трактори, точаци, говеда...  :D

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4678
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4058 на: 26 Јуни 2026, 12:35:07 pm »
Веќе имам возено по овие патишта пред повеќе од 10 година накај Лефкада кога идевме, не е проблем ни точаци, камиони, трактори, само внимателно и без брзање.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2541
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4059 на: 26 Јуни 2026, 12:58:11 pm »
Деновиве читав по фб, прашуваат србите од кај да се иде за грчка, дали преку Богородица или Меџитлија, поготово за на Јонско, и имапе коментари дека боље да се чека на Богородица отколку да се иде преку Прилеп Битола. Јас пре би преку Меџитлија отколку да чекам у гужвата на Богородица, многу ме изморува тоа стоење во место и цело време тргни застани, ногата ми се уморува, и после сум скапан. Пре би возел по регионални и било какви патишта, само да не се ептен крш да оштетиш кола, него да стојам у гужва. Каква е ситуацијата сега од Градско до Меџитлија? Да си ја терам таа рута како што ми е планирано?

Не знам како ти е планот за возење, ама јас поминав четвртокот прошла недела вечерта околу 21 часот на Богородица, и чекав вкупно 20ина минути на 2те граници. На враќање вчера во 12 на пладне имаше гужва, ама имаа и мака со системот, по 3-4 пати ги ставаше пасошите да ги скенира нешто не фаќаше. Околу саат време чекавме на грчка, на македонска одма пошто имаше лента само за МК државјани.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4678
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4060 на: 26 Јуни 2026, 13:55:48 pm »
Планираме сабајле да тргнеме накај 8 од Скопје здравје, понеделник ќе биде, другиот, не овој, и знам дека после 9 до кај 12-13ч е многу гужва на Богодорица, додека на Меџитлија штурци свиркаат :)
Има возење до Врахос, затоа тоа време би тргнал, да фатиме и малце бањање дента.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3929
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4061 на: 26 Јуни 2026, 15:15:40 pm »
Додека не се направи ПП-БТ преку Кичево одам за Битола, ја испокршив колата по тој непат.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2541
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4062 на: 26 Јуни 2026, 15:35:17 pm »
Додека не се направи ПП-БТ преку Кичево одам за Битола, ја испокршив колата по тој непат.

Не беше и преку Кичево лош патот?

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7794
  • French diamond
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4063 на: 26 Јуни 2026, 15:39:18 pm »
Полош од Бт Пп неможе да биде

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8344
  • Плинаш!!!
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4064 на: 26 Јуни 2026, 22:09:29 pm »
Полош од Бт Пп неможе да биде
Де бе, толку е лош? Знам пред неколку години дека имаше џумки многу.....

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk