Планираме сабајле да тргнеме накај 8 од Скопје здравје, понеделник ќе биде, другиот, не овој, и знам дека после 9 до кај 12-13ч е многу гужва на Богодорица, додека на Меџитлија штурци свиркаат 
Има возење до Врахос, затоа тоа време би тргнал, да фатиме и малце бањање дента.
Еве мое искуство да пренесам.
Тргнав за прв пат касно од Скопје, 21-21:30, не ми се брзаше, резервирав спиење у Солун за 50 еур апартман, стигнав накај 1 и нешто, се сместив, преспав, сабајлето си фатив дружба бо Флогита кај пријатели и вечерта се прибрав на втор крак. Граница 10 минити, возење без да те пече сонце - непроценливо.
Пошто бев со помалото дете само, заспа по пат, го префрлив у кревет и толку, мир и тишина, исто така - непроценливо.
Мој совет, ако имаш можност да тргнеш ден порано, после 15 часот или покасно од Скопје, па да преспиеш некаде по пат, битно е само да поминеш граница, па сабајлето фати си го патот накај Врахос.
Врахос ти е на 6-7 саати возење од Скопје, без граници без паузи, ако тргнеш 8 или покасно, од бањање нема да фатиш баш многу, ако фатиш уопште, сепак додај 1 саат се понапред + граница (било кој број од 1 до 5) саати.