Од сликана не ми е баш најјасно кај ќе оди таа улица на западната страна. Вака како што е нацртано, изгледа дека се спојува на „народен фронт“ позади цветниот пазар. Таа улица е оф мори мајко, освен ако не ги уништат отворените паркиралишта и ги претворат во булевар, паралелен со Митрополит Теодосиј Гологанов. Се на се, малце чудни решенија, ем од сликана се гледа дека подвозниот булевар не е споен со кружниве текови, па некако бесмислено ми е како е изведено. Ама ајде, белќи ќе доживеам да видам што ќе испадне од сето тоа...