Ја мислам најдобро е да се стават митралези (ја би идел на ласери, ама поскапи се) и кој надмине дозволена брзина и за 1 км/ч да биде упуцан у глава директ, па да видиме колку ќе останат да пишуваат тука на форум.
Најдобро е да се размислува само реално.
Ќе отидеш да ги извозиш експресните Штип-Радовиш, Штип-Кочани и Страцин-Крива Паланка, а потоа ќе го извозиш и Градско-Фариш, ке ги споредиш првите три експресни патишта со Градско-Фариш, па ќе сфатиш дали Градско-Фариш е правилно проектиран и правилно обележан.
За првите три експресни патишта немам буквално никаква замерка (освен последната кривина кај Паланка).
Ама за Штип-Радовиш и Штип-Кочани буквално немам никаква замерка, правилно трасирани, без никакви додатни измишљотини, проширувања, стеснувања.
Правилно обележан, дозволено буквално во целост да се престига бидејки и двата патишта се буквално прави.
Ама да се седи дома и да се коментира дека патот е ок, не е во ред.
Во текот на јуни 15 пати го извозев Скопје-Прилеп и обратно, тогаш уште не беше пуштен Дреново-Фариш.
Со пуштањето и на тој дел, тотално се разочарав, наместо побезбеден пат, добивме дури и понебезбеден од стариот пат.