Автор Тема: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?  (Прочитано 607409 пати)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1718
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3975 на: 12 Август 2025, 13:24:30 pm »
Ве читам и уште сте упорни дека патот и конструкторот се криви, 80 знакот си е на место, се приближуваш на клучка и приклучок на сосема различен пат, 40 знакот си е таман пред кривина за од 80 да намалиш на 40 до кривината, патот си е супер, ние не сме нормални...

Дека можеле подобро да го испланираат патот, 100% се слагам. Кривината е доказ дека нашиот народ не ги следи знаците, па после Цацко е крив. Ако возеле по знаци, ниту еден не би завршил под банкината.

Како инженер твоја задача при дизајнирање на било каков систем во било која област е да ги земеш во предвид сите (или бар повеќето) сценарија во кои корисниците на тој систем би го користеле истиот. Дизајн кој завршува со катастрофални последици ако се користи малку надвор од идеалното сценарио е објективно лош дизајн. Ова е особено битно кога си инженер кој дизајнира и проектира системи од кои зависат човечки животи.. Не може решението да биде или вози 40 или ќе загинеш, не може!

Kaко мислиш, малку надвор од предвиденото? Малку би било 10% отстапување. Тука луѓе пишуваат дека со двојно поголема брзина, или дека со скоро 40%(55km/h) над пропишаната брзина влегуваат во таа кривина. За да ја пробиеш банкината, сигурно не си возел со 45km.

Не го разбирам гневот тука на некои членови, ако се следат знаците, ништо од ова нема да се случи. Исто како што знак СТОП секој разумен го почитува, зашто знаеш што ке се случи ако не го видиш/испочитуваш. Проблемот е кај нас шоферите, вклучително и мене, е што сакаме да ги масираме правилата, и секогаш мислиме дека може 10-20+ од знаците да возиме комотно. Очигледно, оваа кривина не го дозволува тоа.

55км/ч процентуално личи многу ама како апсолутна бројка е само 15км/ч над дозволеното. Може да се убедуваме до кога сакаш ама за модерна кола таа разлика од 15км/ч не треба да смени воопшто. Па и 20 нека е, 20км/ч над дозволеното во никој случај не смее да е разлика измеѓу живот и смрт. Исклучокот од Скопје накај Е75 е со ограничување 80 или 90, па со 120 може комотно да се фати без да се плашиш дали ќе удриш во банкина или не. Ем 50% повисока брзина ем апсолутно поголема бројка од примерот горе. Има доволно статистика за како се вози во државава, и тој што го дизајнирал патот требало да го земе тоа во предвид дека често ќе се вози 15-20км/ч над. Не викам дека треба така да се вози ама никој не заслужил да изгуби живот за 20км/ч над.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3976 на: 12 Август 2025, 14:20:44 pm »
Со сила ли се правите будали?
Факт е дека не почитуваме сообраќајна сигнализација и правила, јасно е како ден.
На Штип-Миладиновци првите 2-3 возења сум намалувал на 70кмч, затоа што не сум знаел што ме чека и зошто е ставен знакот, отпосле сум намалувал на 20-30 над пропишаното, свесен дека не сум во право, не негирам.
Сообраќајните правила и прописи по дефиниција МОРА да се почитуваат, тоа што ние сме пајташи и свесно и со намера не почитуваме ништо во РМ е друга тема на муабет.
Баш ме интересира пример како кога ќе ги напуштите границите возите ко попчиња по знаци и ги отварате сите 4?

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1718
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3977 на: 12 Август 2025, 15:11:03 pm »

Факт е дека мора да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Исто така факт е дека Македонија моментално нема начин како конзистентно да ги форсира тие правила и прописи на луѓе кои што не ги почитуваат. Нема камери, нема ништо што законски ќе те натера да успориш. Што значи дека, секогаш ќе има некој што нема да ги почитува. Казната за 20км/ч над дозволеното кај нас е 20 евра, а не удар во бариера и потенцијална смрт. 20км/ч над возам по дифолт без разлика во која држава и да сум. Ти кога возиш по тој пат 20-30 над, се чувствуваш ли небезбедно и дека имаш опасност по својот живот? Најверојатно не. Тогаш зошто е океј еден пат да е безбеден на 20км/ч над дозволеното, а друг да не е? Еве на следниот автопат што го градат нека стават 180 степени hairpin на исклучување, и нека стават ограничување 20. Пак ќе тврдиме дека тоа е добар дизајн?

Дискусијата не е дали ќе бидеш океј ако го возиш со ограничувањето што го ставиле. Дискусијата е зошто тој пат е така лошо дизајниран на лимитот што и разлика од 15-20км/ч веќе претставува опасност по живот, кога знаеме и сме свесни дека може и треба да биде подобро. Да, одговорност паѓа на возачот да вози безбедно и во согласност со надворешните услови и состојбата на патот. Ама чим има 5 смртни случаи и уште кој знае колку сообраќајки во рок од 3 месеци, одговорност мора да падне и на тој што го дизајнирал и го одобрил тоа. Ама тоа е тоа македонското, ние измеѓу нас ќе се испцуеме и искараме додека тие на власт ќе си прават како ќе им текне и нема да бидат одговорни за ништо. Епа затоа нема да нѐ бива никогаш.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3978 на: 12 Август 2025, 15:31:54 pm »
Има начин има полиција, работа му е на тој џандар  да виси по патишта за тоа е и платен а не да седат по кладилници и под дрвја.Ке си виси на пат и оро ке игра друго решение нема .Како може да има полиција на секој чекор кога пример е 2 август сите патишта се обезбедни горе доле 90% нека биде така кроз цела година,да не зимат џабе пари ако нејкат да работат има кој да работи.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3979 на: 12 Август 2025, 15:35:46 pm »
Со сила ли се правите будали?
Факт е дека не почитуваме сообраќајна сигнализација и правила, јасно е како ден.
На Штип-Миладиновци првите 2-3 возења сум намалувал на 70кмч, затоа што не сум знаел што ме чека и зошто е ставен знакот, отпосле сум намалувал на 20-30 над пропишаното, свесен дека не сум во право, не негирам.
Сообраќајните правила и прописи по дефиниција МОРА да се почитуваат, тоа што ние сме пајташи и свесно и со намера не почитуваме ништо во РМ е друга тема на муабет.
Баш ме интересира пример како кога ќе ги напуштите границите возите ко попчиња по знаци и ги отварате сите 4?

Факт е дека мора да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Исто така факт е дека Македонија моментално нема начин како конзистентно да ги форсира тие правила и прописи на луѓе кои што не ги почитуваат. Нема камери, нема ништо што законски ќе те натера да успориш. Што значи дека, секогаш ќе има некој што нема да ги почитува. Казната за 20км/ч над дозволеното кај нас е 20 евра, а не удар во бариера и потенцијална смрт. 20км/ч над возам по дифолт без разлика во која држава и да сум. Ти кога возиш по тој пат 20-30 над, се чувствуваш ли небезбедно и дека имаш опасност по својот живот? Најверојатно не. Тогаш зошто е океј еден пат да е безбеден на 20км/ч над дозволеното, а друг да не е? Еве на следниот автопат што го градат нека стават 180 степени hairpin на исклучување, и нека стават ограничување 20. Пак ќе тврдиме дека тоа е добар дизајн?

Дискусијата не е дали ќе бидеш океј ако го возиш со ограничувањето што го ставиле. Дискусијата е зошто тој пат е така лошо дизајниран на лимитот што и разлика од 15-20км/ч веќе претставува опасност по живот, кога знаеме и сме свесни дека може и треба да биде подобро. Да, одговорност паѓа на возачот да вози безбедно и во согласност со надворешните услови и состојбата на патот. Ама чим има 5 смртни случаи и уште кој знае колку сообраќајки во рок од 3 месеци, одговорност мора да падне и на тој што го дизајнирал и го одобрил тоа. Ама тоа е тоа македонското, ние измеѓу нас ќе се испцуеме и искараме додека тие на власт ќе си прават како ќе им текне и нема да бидат одговорни за ништо. Епа затоа нема да нѐ бива никогаш.

Ни тас кривина не е проблем да ја фатиш со 60кмч, јас сум сигурен дека од настраданите никој не не ни пробал да намали под 80кмч натаа кривина.

Меѓудругото ако завлегуваме подлабоко, може дизајнот бил друг на патот ама експропријацијата не испаднала според планираното…

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3980 на: 12 Август 2025, 16:23:44 pm »
Со сила ли се правите будали?
Факт е дека не почитуваме сообраќајна сигнализација и правила, јасно е како ден.
На Штип-Миладиновци првите 2-3 возења сум намалувал на 70кмч, затоа што не сум знаел што ме чека и зошто е ставен знакот, отпосле сум намалувал на 20-30 над пропишаното, свесен дека не сум во право, не негирам.
Сообраќајните правила и прописи по дефиниција МОРА да се почитуваат, тоа што ние сме пајташи и свесно и со намера не почитуваме ништо во РМ е друга тема на муабет.
Баш ме интересира пример како кога ќе ги напуштите границите возите ко попчиња по знаци и ги отварате сите 4?

Факт е дека мора да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Исто така факт е дека Македонија моментално нема начин како конзистентно да ги форсира тие правила и прописи на луѓе кои што не ги почитуваат. Нема камери, нема ништо што законски ќе те натера да успориш. Што значи дека, секогаш ќе има некој што нема да ги почитува. Казната за 20км/ч над дозволеното кај нас е 20 евра, а не удар во бариера и потенцијална смрт. 20км/ч над возам по дифолт без разлика во која држава и да сум. Ти кога возиш по тој пат 20-30 над, се чувствуваш ли небезбедно и дека имаш опасност по својот живот? Најверојатно не. Тогаш зошто е океј еден пат да е безбеден на 20км/ч над дозволеното, а друг да не е? Еве на следниот автопат што го градат нека стават 180 степени hairpin на исклучување, и нека стават ограничување 20. Пак ќе тврдиме дека тоа е добар дизајн?

Дискусијата не е дали ќе бидеш океј ако го возиш со ограничувањето што го ставиле. Дискусијата е зошто тој пат е така лошо дизајниран на лимитот што и разлика од 15-20км/ч веќе претставува опасност по живот, кога знаеме и сме свесни дека може и треба да биде подобро. Да, одговорност паѓа на возачот да вози безбедно и во согласност со надворешните услови и состојбата на патот. Ама чим има 5 смртни случаи и уште кој знае колку сообраќајки во рок од 3 месеци, одговорност мора да падне и на тој што го дизајнирал и го одобрил тоа. Ама тоа е тоа македонското, ние измеѓу нас ќе се испцуеме и искараме додека тие на власт ќе си прават како ќе им текне и нема да бидат одговорни за ништо. Епа затоа нема да нѐ бива никогаш.

Не може и двете во исто време. Самиот си свесен дека не се придржуваш до пропишаните норми за учество во сообраќајот. Патем, двете гледишта на дискусијава се точни.
  • Свртувањето е лошо проектирано
  • Сите што имаат излетано, возеле како тебе, над пропишаното, и не се придржувале до прописите
Дискусијата не е дали колите што ги возиме може одредена кривина да ја поминат со значително поголема брзина од дозволената. Некој има спортска суспензија, кватро со спортски диференцијал, мал милион пасивни асистенции, саглам гуми, додека друг вози Пасат од 2010-та, со излизгани гуми, без било каква помош при кривини. Ограничувањето секогаш ке биде поставено за пасатот, колку и јас да не би се слагал со истото. И секогаш ке се ориентирам по тоа. Дали ке го почитуваме како референца, останува на мене и на тебе.

Ти бараш да имаш пат каде што ке можеш да возиш 20 km/h над дозволеното, без да имаш последици, друг ке бара кривината да биде проектирана да може со 50 km/h повеќе безбедно да ја фати? До колку километри плус над дозволеното се смета дека кривина е безбедно проектирана? Пак ке кажам, сите сакаме да ги масираме правилата како што ни одговара, без да мора да сносиме последици за нашите одлуки.

Присутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3981 на: 12 Август 2025, 16:31:45 pm »
Ја мислам најдобро е да се стават митралези (ја би идел на ласери, ама поскапи се) и кој надмине дозволена брзина и за 1 км/ч да биде упуцан у глава директ, па да видиме колку ќе останат да пишуваат тука на форум.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3982 на: 12 Август 2025, 16:49:06 pm »
Значи да сумираме: патот, ознаките и исклучувањата се супер направени, а воедно се безбедни и подобри не можат да бидат.

Тоа што гинат луѓе и се чукаат секој ден, криви се само возачите и никој друг. Тоа што се истуркани сите ступчиња кај исклучувањето на 3те ленти кај тунелите, не е до патот и до тие што го правеле, туку широки им се сканиите и автобусите на шоферите.

Дури и видео имаше направено од МВР како треба да се вози. Тоа е само поради тоа што не знаеме како треба да возиме, не дека патот е лош или има лоши ознаки, нелогични полни линии и сл. Ако некој не го изгледа видеото нема да знае како е замислата да се вози и што е казниво а што не. Сигурно виделе дека патот е крајно лош па ајде со видео пробаа да го оправат, ама не им успеа изгледа.

Заклучок: ако не ни чини новиот пат (за кој од нашите пари граделе и краделе) да си возиме по стариот пат, многу едноставно.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3983 на: 12 Август 2025, 17:23:36 pm »
Ја мислам најдобро е да се стават митралези (ја би идел на ласери, ама поскапи се) и кој надмине дозволена брзина и за 1 км/ч да биде упуцан у глава директ, па да видиме колку ќе останат да пишуваат тука на форум.

Најдобро е да се размислува само реално.
Ќе отидеш да ги извозиш експресните Штип-Радовиш, Штип-Кочани и Страцин-Крива Паланка, а потоа ќе го извозиш и Градско-Фариш, ке ги споредиш првите три експресни патишта со Градско-Фариш, па ќе сфатиш дали Градско-Фариш е правилно проектиран и правилно обележан.

За првите три експресни патишта немам буквално никаква замерка (освен последната кривина кај Паланка).
Ама за Штип-Радовиш и Штип-Кочани буквално немам никаква замерка, правилно трасирани, без никакви додатни измишљотини, проширувања, стеснувања.
Правилно обележан, дозволено буквално во целост да се престига бидејки и двата патишта се буквално прави.

Ама да се седи дома и да се коментира дека патот е ок, не е во ред.
Во текот на јуни 15 пати го извозев Скопје-Прилеп и обратно, тогаш уште не беше пуштен Дреново-Фариш.
Со пуштањето и на тој дел, тотално се разочарав, наместо побезбеден пат, добивме дури и понебезбеден од стариот пат.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3984 на: 13 Август 2025, 07:37:43 am »
Замислете го моментот кога ги поставуваа стубчињата, тој одговорниот шо му кажувал на работниците каде да бушат, и после од кога ги наместија,
фрлија сите по едно око, гледаат работниците, гледа одговорниот...
работниците: шо сторе будала овој, кола одвај сoбира овде сега
одговорниот: шо ѓие6аш

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7214
  • French diamond
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3985 на: 13 Август 2025, 11:03:02 am »
И тука прајме експресен пат/Schnellstraße, да ви пуштам некој Шваба да го опрај патот и кај нас   ;D

« Последно менување: 13 Август 2025, 11:47:41 am n1kola »

Отсутен dreamson

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 654
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3986 на: 14 Август 2025, 22:22:31 pm »
Камерите кои што се поставени на автопатот од Гостивар до Тетово, и од Тетово до Скопје се во функција?

А гледам поставиле и кон Охрид, на новиот дел од автопатот што го пуштија во употреба.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1718
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3987 на: 14 Август 2025, 22:31:35 pm »
Камерите кои што се поставени на автопатот од Гостивар до Тетово, и од Тетово до Скопје се во функција?

А гледам поставиле и кон Охрид, на новиот дел од автопатот што го пуштија во употреба.

Не се.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3988 на: 15 Август 2025, 00:22:46 am »
Камерите кои што се поставени на автопатот од Гостивар до Тетово, и од Тетово до Скопје се во функција?

А гледам поставиле и кон Охрид, на новиот дел од автопатот што го пуштија во употреба.

Насекаде се поставени, и по цела должина на Е75, и на 120 ограничувања, и на 100 и на 80 ограничувања.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8890
  • Малерозен дрводарец
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3989 на: 21 Септември 2025, 23:44:23 pm »

Министерство за транс, поп и виски.