Автор Тема: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?  (Прочитано 607630 пати)



Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3887 на: 06 Август 2025, 21:08:31 pm »
:(
Греота.
Тие што мислат дека е до возачите, а не до самата инфраструктура, мноогу грешат за оваа делница. Уште колку ќе треба да изгинат, за да се стават уште 3 знаци дека следи опасна кривина?!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3888 на: 06 Август 2025, 21:15:53 pm »
На линкот пишува дека сообраќајката е на клучката Дреново-Фариш. Ако е тоа точно, тогаш загинатите не се на лошата кривина кај приклучувањето на автопат.

И јас се согласувам дека не е само до возачите проблемот (нормално дека и тие се дел виновни за дешавките, ама не секогаш). Стариот пат имаше еден куп кривини, дупки и бразди, неосветлени трактори па немаше толку дешавки.

« Последно менување: 06 Август 2025, 21:22:52 pm Silvester »
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1724
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3889 на: 06 Август 2025, 21:52:58 pm »
На линкот пишува дека сообраќајката е на клучката Дреново-Фариш. Ако е тоа точно, тогаш загинатите не се на лошата кривина кај приклучувањето на автопат.

И јас се согласувам дека не е само до возачите проблемот (нормално дека и тие се дел виновни за дешавките, ама не секогаш). Стариот пат имаше еден куп кривини, дупки и бразди, неосветлени трактори па немаше толку дешавки.

Цитат
На клучката Дреново – Фариш, каде што вчера се случи сообраќајна несреќа

Ваљда мислат на истото место, пошто таму имаше сообраќајка вчера.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3890 на: 07 Август 2025, 06:16:13 am »
:(
Греота.
Тие што мислат дека е до возачите, а не до самата инфраструктура, мноогу грешат за оваа делница. Уште колку ќе треба да изгинат, за да се стават уште 3 знаци дека следи опасна кривина?!

Кривично треба да одговара и проектантот, но и тој што даде одобрение таква конструкција на пат да биде воопшто пуштена за сообраќај.

Присутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3891 на: 07 Август 2025, 09:37:24 am »
Македонија земја на trial and error. Само да се преживее тестинг фазата после пуштање на нов пат.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3892 на: 07 Август 2025, 09:39:25 am »
Најбитно е да се сликаат политичарите со пато масовно на цело село што го отвараат.

Фиромците нека гинат, ионака се ретардиран народ што 35 години голта сперма од политичарите и не им е доста, сакаат уште да голтаат, јак капацитет имаат.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3893 на: 07 Август 2025, 10:21:03 am »


Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3135
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3894 на: 07 Август 2025, 10:58:20 am »
Најбитно е да се сликаат политичарите со пато масовно на цело село што го отвараат.

Фиромците нека гинат, ионака се ретардиран народ што 35 години голта сперма од политичарите и не им е доста, сакаат уште да голтаат, јак капацитет имаат.

Чекај малку, друже – зошто секогаш вината се фрла врз народот? Мора некаде да се живее. Без разлика дали си во Македонија, Скопје, Прилеп, Битола, Лисабон, Марсеј или било каде на планетава – човекот не е дрво. Може да се помести, може да замине. Денес за 2-3 часа лет си во друг свет, друга димензија. Но каде и да одиш – себе си си носиш.

И не е ова работа само на последниве 35 години – уште 135 да поминат, ќе биде уште полошо. Мило ми е кога доаѓа нешто убаво, ама тоа е толку ретко, што повеќе боли одошто радува. А не е тоа наша вина – ниту комуњарите, ниту вмроиди, ни било кој. Вината е во целиот систем што го изградија за нас, без нас.Тие колку и да се вемероиди комуњари и други партиски паразити со измислени работни позиции и не само они целокупно иживување врз нормален човек го доведоа ова кај сме сега.

Јас сум убеден – вакво девалвирање на цел еден народ, ваква ускратеност од страна на сопствената држава, не постои на друго место во светот. Ние не го бираме ова уредување – тие сами си се бират, ротираат, местат. И што очекуваш? Не си дете од 8 години – си зрел човек, исто како сите што се над 25. Јас лично – ништо не очекувам. И сме во ист кош, сите. Не можат сите да се иселат – мора некој и да остане. А и тие што одат – не значи дека ќе избегаат од проблемите, само ќе ги сменат координатите.

Како народ, добиваме фидбек од институциите – и тоа во форма на понижување ајде да се каже или пак никаква функционалост. Дали е образование, здравство, патишта, економија – ништо не функционира Посочи ми што функционира ? Никој не е роден учен, никој не знае сè од почеток – ама ако државата не те учи, не те води, не те штити, тогаш што да очекуваш?А ние како граѓани сме спремни за се.Еве мене исто ми се фаќа не очекувам да ми даде работа или да се отвори фабрика па да работам од 07 до 15h туку други облици на олеснувања, билетрални односи поврзување со исток,запад,полесни процедури за увози извози образованиа,сертификати во нато сме кој добива нато сертифакт? и јас сум граѓанин на РМ некој може да млати од 5 до 10 илјади евра по разни организации така?!Мене ми е исто дали е Северна,Бановина,Горна,Овакава-онаква Исто ми е јас сум Македонец тоа сум Мacedonian каде и да одам тоа сум тоа е што е, да можам да земам канадски,српски,бугарски,руски пасош веднаш ке си земам дај боже да имам од многу не боли глава денеска се се менува..

Еднаш засекогаш треба да се разбере – додека не престане сè и не се направи тотален ресет, нема да има ништо од ова. Ама вистински ресет Па дури и насилен , како велат без жртва нема систем курбан некој ке се жртвува за доброто на другите било и ке остане систем не постои дали  – институционален, правен, морален. Системот е толку изобличен, што од своите најблиски прави неписмени, изгубени, сломени луѓе во време простор место.Доктори од дома ги вадат да ги оперираат нивните блиски и да и ги прегледуваат нели тој доктор што се вработил преку партија што тој не го лечи? м?И тие пари што ги украли зар ке ги јаде маму му зар ке ги сере пари пари ете ви пари тоа што останало дали има милионче од луѓе во државичево ете ви го ние како предрадије на една москва или истанбул комплет ке се пресилме па ете им држава па и куќи станови имоти вили водно плацеви мостови дуќани еве ви се у гроб носете да ве Вардар однесе у велес да бог даде више .Единствени кривци сте вие политичари сите од прв до последен ситее!! па после ред редом,доктрои,судии,нотари ...

Има луѓе што биле фантастични професори, директори, менаџери – ама тоа не значи дека и нивните деца ќе имаат шанса. Не поради недостаток на квалитет, туку поради искривените правила, закони, приоритети. Не постои закон, адвокатура, правен систем што вистински ќе те заштити.Не те бива друже да проектираш пат везе са животом немаш не одговараш носиш на душа луѓе што ке ти таа плата што си земал од 600,700 еве 1400 евра нека зима што ке ти е ги јадеш ли ? Тоа што чичко ти бил експерт или татко,мајка ти не си не е срамота ни кувар ни шофер да си човек си ке се пронајдеш во нешто во животот..

Јас не знам веќе како да објаснам. Првпат кога стапнав во Америка, ми вели еден колега Американец:
Buddy, first thing what to do in USA – have a good attorney
Јас му се смеам – викам, зошто ми е адвокат, не сум направил ништо.
А тој ми тапка по рамо и вели:
„You'll see, you'll see.“
И да – видов.

Луѓе умираат на пат,по болнициве е хорор хорор – и повторно, ако нема кој да го истурка случајот со адвокат, сè паѓа во вода. А не да бидеш заглавен 20 години низ лавиринти. Ако има вистински рокови, ако има казни, ако има одговорност – ќе има и правда. Но додека не се казни системот од страна на граѓанинот, ќе нè јадат – и тоа како сакаат и умеат.

Кој разбрал – разбрал

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3895 на: 07 Август 2025, 16:35:52 pm »
Сите овие шо загинале или излетале преку ограда, сигурно е заради фактот што после завршувањето на експресниот пат има знак за автопат и имаш две ленти од правец, па луѓето мислат готово излегоа на автопатот и појма немаат дека има клучка, па газат и тој единствениот знак од 40км/ч не го земаат во предвид воопшто.

Ако не си премногу залетан на ограда ќе се задржиш како стариот, колку толку ќе ти оплуат очите ќе успориш доволно да не изгиниш.

Ама мора знаци многу повеќе за секој да се свести.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3896 на: 08 Август 2025, 06:23:02 am »
фактот што после завршувањето на експресниот пат има знак за автопат и имаш две ленти од правец

Арно што ме потсети, дебилите што го означиле патот, сите тие проширувања со физички одвојување меѓу спротивниот правец на тој пат ги означиле како автопат.
Или некој си играл мајтап или толку му е паметот.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3897 на: 08 Август 2025, 10:55:18 am »
По што кладба ќе се најди некој гениј и ќе стават лежечи полицаец :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3898 на: 08 Август 2025, 11:41:09 am »
Не мора лежечи, ама нијанса издигната боја (или како и да се вика тоа) да почне да тропа под гуми би имало одличен ефект.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3899 на: 08 Август 2025, 11:51:33 am »
Малце нетипично е изведена клучката, поготово ако се земе предвид дека се 2 ленти. Прилично голем агол за вртење, а претходно долг правец. Можеби стеснување во 1 лента, како и соодветен нагиб на асфалтот према центарот на круго (како во Германија што ги прават често), а и соодветна маркација на асфалтот дека стварно мора да се успори би го направиле побезбеден тој дел.
Читав сабајлево, Коце мислам беше, вика дека патот е проектиран во 2016 и морало така да биде изведен, иначе кривично ќе се одговарало. Веројатно е точно, ама исто веројатно можело и да се направи измена пред да се изведе тој дел, па дури потоа да го изградат. Вака 4-5 луѓе загинаа, кои можеби би биле уште живи да беше подобро изведена клучката.