@howitz не ти ја разбирам брат поентата. Имаме речиси исти цени на патарина ко србија-хрватска (јас не се фатив за тој момент, али ајде коа се фативме..), имаме 6 пати повеќе мрцварење за истите пари, имаме 10 пати полоша патна инфраструктура и пак ние бараме преку леб погача?! Не разбирам.
Недај боже да споредиме со оние држави кои имаат близок стандард до нашиот ем имаат вињетки (Бугарија на пример), за 7 дена плаќаш колку? 7.5 евра за да го извозиш секој е‘ен магирстален и регионален и автопат низ цела нивна држава. Годишна вињета во БГ е 45e. Или преведено во наши пари, тоа е 4 пати гостивар-неготино и назад.
Абе Бугарија е во ЕУ и многу пари се испумапни во Бугарија од ЕУ за нејзе, просто е како грав, истото е за Грција, милион табли има колку е вложено од ЕУ, плус споредуваш држави од 20 милиони граѓани со Македонија кои има едвај 2, логика.
Што не ме сфаќаш не знам ? Пишав погоре - цените се тие, за мене не се високи ако има квалитетен автопат, а рака на срце новиве автопати се квалитетни кои ги направија. Неготино - Гевгелија се реставрираше .. се работи, што очекувате само не знам ?
Штип - Кочани се работи, Росоман - Прилеп исто се работи .. тие се парите другар .. нешто вложено нешто искрадено, тоа е.
Не сме ни 26 години држава, пола автопати и патишта се од Југославија, не знам што не е јасно.