Малку или многу, очигледно недоволно. Ова со столпчињава ( кои патем се железни и лошо офарбани цевски кои брзо ќе кородираат ) е популистичко решение за ракоплескање на народни маси.
Лошо е за пешаци и велосипедисти ( човек може да се сопне и расцепи глава, а и велосипедист исто така ). Во поголем број случаи ќе откорнат по некое, некои ќе настрадаат од некој возач кој ги покосил, и после извесно време, некој, пак од град Скопје, ќе пополнува дупчиња од цевките.
Во прв ред, покултурно решение е висок тротоар, како пред стар трговски капиштец, а како долготрајно решение е дислокација на сите трафики, гранапчиња, бурекџилници и останати ( на минутка застанав ) објекти, кои се наоѓаат покрај коловоз.
Со време и пазарите, а и пластичарска ќе нестанат, бидејки се номадски и непрактичен избор за купување, од причина ете, што нема кај да се паркира, а башка, и цените се исти како во објектите кои имаат паркинг...
Очигледно се нема воља за вистински решенија, кои бараат малце комплексни размислувања на микролокации. Мада, се додека има ракоплескачи на овакви партизански, па и власта нема да се дрзне да направи нешто подобро, кое во најмала рака може да се препише од трулиот запад.
Околу ПОЦ, тоа е жива глупост со пајаците. Барем пола успеваат да киднат пред да ги дигнат, а обично и возачите ги демнат своите непрописно паркирани возила па реагираат на време.
Во трулиот запад, си постојат полицајчиња со хендхелд уреди, кои имаат дата конекција. Клика полицајчето таблица во уредот, слика возилто, и инстантно во некоја база си одат податоците, а уредот му принта ливче кое го става у самолепливо најлонче и му го лепи на шофершајбна. И си оди. Не се расправа.
Значи казната се пишува за 15 секунди, влегува во лог кој мора да се раздолжи, нема тетки стричеви, и решен проблем.
За две минути израчунај колку казни можат да се пишат без драмење. А кога знаеш дека некој таква казна да ти напише, богами, ќе паркираш на километар, а битпазар ќе го забораиш.