Автор Тема: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?  (Прочитано 610978 пати)

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1444
  • Eбач на батерии :D
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2685 на: 24 Јануари 2018, 20:59:22 pm »
Денеска на Јаја паша врвеа пајаци. Прв пат да ја видам без ниту една паркирана кола.
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2686 на: 24 Јануари 2018, 21:04:23 pm »
Креваат бит пазар, јаја паша, пластичарска уназад две три години.  Си имаат и ден во неделата каде што таму им е реон.

Sent from ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА!!!
                   RRETH JETËS NË MAQEDONI!!!


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2687 на: 25 Јануари 2018, 08:02:01 am »
Малку или многу, очигледно недоволно. Ова со столпчињава ( кои патем се железни и лошо офарбани цевски кои брзо ќе кородираат ) е популистичко решение за ракоплескање на народни маси.
Лошо е за пешаци и велосипедисти ( човек може да се сопне и расцепи глава, а и велосипедист исто така ). Во поголем број случаи ќе откорнат по некое, некои ќе настрадаат од некој возач кој ги покосил, и после извесно време, некој, пак од град Скопје, ќе пополнува дупчиња од цевките.
Во прв ред, покултурно решение е висок тротоар, како пред стар трговски капиштец, а како долготрајно решение е дислокација на сите трафики, гранапчиња, бурекџилници и останати ( на минутка застанав ) објекти, кои се наоѓаат покрај коловоз.
Со време и пазарите, а и пластичарска ќе нестанат, бидејки се номадски и непрактичен избор за купување, од причина ете, што нема кај да се паркира, а башка, и цените се исти како во објектите кои имаат паркинг...

Очигледно се нема воља за вистински решенија, кои бараат малце комплексни размислувања на микролокации. Мада, се додека има ракоплескачи на овакви партизански, па и власта нема да се дрзне да направи нешто подобро, кое во најмала рака може да се препише од трулиот запад.

Околу ПОЦ, тоа е жива глупост со пајаците. Барем пола успеваат да киднат пред да ги дигнат, а обично и возачите ги демнат своите непрописно паркирани возила па реагираат на време.
Во трулиот запад, си постојат полицајчиња со хендхелд уреди, кои имаат дата конекција. Клика полицајчето таблица во уредот, слика возилто, и инстантно во некоја база си одат податоците, а уредот му принта ливче кое го става у самолепливо најлонче и му го лепи на шофершајбна. И си оди. Не се расправа.
Значи казната се пишува за 15 секунди, влегува во лог кој мора да се раздолжи, нема тетки стричеви, и решен проблем.

За две минути израчунај колку казни можат да се пишат без драмење. А кога знаеш дека некој таква казна да ти напише, богами, ќе паркираш на километар, а битпазар ќе го забораиш.

Скоро секаде низ светов покрај големи улици (и покрај секакви улици) има објекти - кафичи, фаст фуд, итн. И на крају краева, тоа е океј.

Кај нас проблемот е што ние едноставмо сме навикнати на „една минута да застанам само“ функционирањето од една страна, и желбата да се курчиме со колите од друга страна. Високите тротоари се решение, но не се комплетно решение - за жал. Не се, затоа што ќе дојде некој со „џип“ (популарно познат на форумов како „Јоцо со Џипот“) и ќе се качи на тротоар, бидејќи може да се качи. И ќе се качи.

Од друга страна, очигледно казнената политика во сегашниот облик не функционира. Се казнува, играат пајаците, ама џабе. Пред Броз кафе ќе биде чисто еден ден, и после пак јово-на-ново. Таму не се потребни столбчиња, таму не се паркираат на тротоар. Таму се паркираат на улица, пуштени сите четири, гордиот сопственик пие кафе во Броз. Таму треба џандар да стои цело време. Да се направи оглас во весник - „Полицаец што ќе стои пред Броз кафе да брка коли и да се заборави од казнување“ - и да се вработи. Така треба на неколку локации низ градов.

Понатаму, една финта што ја видов некаде (не ми текнува каде) - а тоа се инкрементални казни. Паркираш неправилно прв пат? Се случува, не си знаел. 10 евра казна. Втор пат? Аман бе дечко, па прошла недела те казнивме. 30 евра. Трет пат? Абе тебе не ти доаѓа памет а? 50 евра. Итн.

За жал, физичката поделба (столбчиња, високи тротоари, некакви прегради, итн) меѓу различните видови на сообраќај сега за сега е единствениот начин да бидеме сигурни дека пешачките и велосипедските патеки ќе бидат искористливи за оние за кои се наменети. Потребно ни е воведување многу пообемна едукација за сообраќај уште од основно училиште, да стигне до момент децата да ги караат родителите („абе тато, не смееш да паркираш тука“) за да се наметне такво размислување. Од друга страна, потребна е моќна медиумска кампања која ќе се обраќа директно на учесниците во сообраќајот со конкретни насоки („вози безбедно“ е глупава кампања бидејќи е премногу генерично, од друга страна „почитувај семафори“, „ставај појас“, „не паркирај на велосипедска патека“ се добри насоки бидејќи се конкретни) и треба да се едуцираат СИТЕ учесници - од возачи, до велосипедисти, до мајки со деца што претрчуваат на партизанска преку жардињерите, до ослободителите кај Градска и Олимписки Базен.

--

Неповрзано - синоќа околу 8, пајаци го чистеа оној дивиот паркинг карши Сити Мол, после Горење зградата. Гледав со мерак додека на една госпожа у бунда и ја собраа BMW X5-ката.

--

Едит: Гледам дека од РСБСП направиле Сообраќајна Лектира. Стварно не знам што им е планот со ова, се надевам дека ќе биде дистрибуирано до училишта и до децата. Многу се фино и убаво и разбирливо напишани работите - секое детенце да може да ги разбере. Ако се прашувам јас, секој родител треба да испринта по едно вакво за своето дете, и да му го даде, и после да си напраи муабет со детето за работите што се во книгичето.
« Последно менување: 25 Јануари 2018, 08:08:38 am zeroSignal »

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1389
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2688 на: 25 Јануари 2018, 08:54:34 am »
Битно е што кај нас постојат само „За сега“ решенија, кои со време се топат во сообраќајната џунгла. Она што е предизвик е да се направи „За навек“ решение. Столпчња како во мојот претходен опис НЕ се решение, дури ни времено. Во нормалниот свет тоа НЕ ПОСТОИ. Тоа е глупост и опасно е по живот барем за 2 типа на учесници во сообраќај. Беше плус опасност кога имаше и огради со цевки долж И.Л Рибар, па добро се сеќавам како една од хоризонталните пројде низ еден голф 4 на 4 пијани момци. За среќа не ги погоди.
Цевките, такозвани ступчиња, се неспоредливи со висок тротоар. На кој ете може да се качи понекоја сељачина ( јас барем никаде немам забележано каде што има висок тротоар дури и такви ) но грото, нема да застанат.

Сообраќајната наука, уште од основно е добар но сепак мал процент на учинковитост. Културата не се учи со песмички и лектира. За жал, повторувам за жал, се учи со казни. И тоа е секаде така во нормален свет. Дури и дежурна баба од балкон може да пријави, и таму одговорот е брз. Само така.

........
Вчера на прошетка низ Капиштец, видов контролор на ПОЦ со уред кој пишува и принта казни. Во неврзан разговор ми вика, батка, џабе јас пишувам, ги кинат.  На 200 метри од таму, пајак дига џип ( Кај кам тротоарот ) . Шизикот, доаѓа, врти телефон, му го дава на џандарот му ја спуштаат. Па ако си шизик да паркираш каде што казнуваат биди шизик и плати Пиз.Ти.Мат.
Да постои дата комуникација, и лог што некој нема да може да го раздолжи без казна, овие површни начини на „решавање“ нема да постојат. И сите ние конечно ќе научиме да почитуваме правила.

Прашање на време е кога ќе бидам разбран за глупоста на популистичките столпчиња, чија имплементација служи градот/општината, да ги објави како херојски дело на нивниот портал. Дали еднаш некој во нашава ни држава ќе смогне сила, да загрее газ и направи едно трајно решение. Барем сообраќајот кога е во прашање.
« Последно менување: 25 Јануари 2018, 08:59:42 am yarre »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2689 на: 25 Јануари 2018, 09:08:58 am »
Културата не се учи со песмички и лектира - за нас. За децата, итекако се учи, особено ако им го направиш интересно.

Се согласувам дека столбчињата не се идеално решение. Даааааааалеку се од идеално решение. Идеално би било сообраќајната култура да ни е на тоа ниво, да не помисли некој да паркира на тротоар.

Еве, повторно ќе ја спомнеме Германија во дискусијава, ама во суштина, истото важи за сите фино-развиени земји. Таму имаат казни, и фрчат казни за сè и сешто - ама таму и менталниот склоп е различен. Таму просечен Швабо (зборам за Швабо, не за Амиџа из Сарајева) не паркира на тротоар не заради тоа што му е страв од казна, него заради тоа што едноставно не ни помислува на тоа. За него не може да се паркира на тротоар и точка. Едноставно не може. Крај.

Казните во Германија се за Амиџа из Сарајева, и за другите, кои треба да се научат на ред. Локалците си знаат како треба. Не дека не прекршуваат закони и они, секако дека прекршуваат, но во нив е „всадена“ онаа навика за култура во сообраќај - нешто што и кај нас треба eventually да се постигне, а тоа се постигнува кога на луѓето ќе им биде тоа нормална работа. Затоа треба да се работи на децата.

Ако детето го види таткото како паркира непрописно и покрај казните, што мислиш, што ќе прави кога он ќе стигне до возачка?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2690 на: 25 Јануари 2018, 09:12:43 am »
Сааааамо столпчиња.

Се препороди порта буњаковец после столпчињата. 200% од луѓето сега одат пешки натака. Претходно беше непроодно сега е гужва од народ неможеш да се разминеш и тоа зимно време.
Илинденска исто се препороди цела улица.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2691 на: 25 Јануари 2018, 09:17:04 am »
Супер се ступчиња, одлична работа. Проблемот е што тедндерот бил за 1м висина, ама се стопиле у изведба на 40цм висина :D
Не сме ги измислиле ние столбови за одвојуваење на пешачка зона.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2692 на: 25 Јануари 2018, 09:45:43 am »
Неповрзано - синоќа околу 8, пајаци го чистеа оној дивиот паркинг карши Сити Мол, после Горење зградата. Гледав со мерак додека на една госпожа у бунда и ја собраа BMW X5-ката.

Like !!!!!!! Od takvi si patime, za 30 denari parking vo City Mall gospogjata so bundata i takvi ko nea ke se izivuvaat so cela okolina
« Последно менување: 25 Јануари 2018, 10:00:39 am zeroSignal »

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2693 на: 25 Јануари 2018, 11:32:08 am »
Не стигнала да се јави инаку што би и го дигнале џипо...

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2694 на: 25 Јануари 2018, 11:36:44 am »
Не стигнала да се јави инаку што би и го дигнале џипо...

Problemot e sto ja zabole nea za 3000 denari kazna ili kolku i da e. Utre pak za inaet ke parkira tamu i poveketo ko nea i ke ceka so telefonot za da pokaze deka e glavna i nikoj nishto ne i moze, a deka vrabotenive vo pajak sluzbava za nea se nikoj i nishto, a taa e semoknata ... Jbg frustracii od detstvo

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1389
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2695 на: 25 Јануари 2018, 13:14:16 pm »
Ништо, и така нема ништо да променам во Вашите размислувања за ступчињата:) . Здравје за некој месец ќе видиме што ќе се случи со нив. Особено на местата каде на некој локалец му попречиле поткачување на доставното возило на неговиот гранап.
@Simo - Carrier159
Ступчиња не дека нема, ама очигледно по срчот по Гугл, на светско ниво, ептен малце, барем кога е за земји на енглеско говорно подрачје. Особена реткост е цевка како објект за изработка.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7514
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2696 на: 25 Јануари 2018, 13:23:20 pm »
Со ваков ретардиран народ, џабе е што и да се прави. Не не бива едноставно, ѓубриња сме и тоа е. Народот ретардиран, службите кои треба да се грижат за ред и дисциплина ги шамара кој стигне (ретардираниов народ, како што посочија во некој пост претходно) и тоа е тоа.

Се додека тука не завладее челична дисциплина и додека оние градско селски мангупи не се спуштат на земја, нема да не биде. Ќе си останеме ретардирани за навек. 

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2697 на: 25 Јануари 2018, 13:25:15 pm »
Во службите работи истиот народ кој сака да откорнува знаци, банкини, тротоари и ступчиња.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7514
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2698 на: 25 Јануари 2018, 13:27:25 pm »
Епа луки ретардирани ѓубриња сме, од прв до последен. Од бездомник до богаташ, од хигиеничар до директор,, се е појдено у 3 пм.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2699 на: 25 Јануари 2018, 13:29:04 pm »
Со ваков ретардиран народ, џабе е што и да се прави. Не не бива едноставно, ѓубриња сме и тоа е. Народот ретардиран, службите кои треба да се грижат за ред и дисциплина ги шамара кој стигне (ретардираниов народ, како што посочија во некој пост претходно) и тоа е тоа.

Се додека тука не завладее челична дисциплина и додека оние градско селски мангупи не се спуштат на земја, нема да не биде. Ќе си останеме ретардирани за навек. 

True that !!!! Like