Состојбата е очајна!
Велес - Катланово ок е, потоа крш
Скопје - Велес почнал да се распаѓа
Катланово - Куманово крш каде што не е реновиран лошо одбележан
Куманово - Паланка многу лош не одбележан и без стубчиња и знаци.
Велес штип - ок квалитет, без сигнализација пола пат
Штип - Кочани - не одбележан ама барем нема дупки
Кочани - Делчево - да се избегава, кратери, одрони стари по 2-3год, никакво рефлектирачко стубче, ниту лента на средина и од страна, хорор, прават као нешто ама тоа нема да трае ни 5 год.
Штип - Радовиш канта, исто необележан и многу крш
Радовиш - Струмица се јаде некако со тоа што изгледа како недовршен и необележан
Струмица - Валандово никакво обележување, има и по некоја дупка
Валандово - Неготино - Очаен, зажалив што возев по “автопат”
Неготино - Велес почнал и тој да се распаѓа
Велес - Градско - Велес - очаен
Тоа од прилика е се што ми е свртено последниве месец и половина, некои и повеќе пати. Живееме во мизерија, не дај боже пациент со внатрешно крварење да треба да се транспортира, ке умре 10км после делчево. Не знам зошто никој до сега не поднесе одговорност за сработеното, се е фуш, направено колку за сликање. Никој од тие што го замислиле патот да речеме штип велес не предвидел ниту едно SOS место, ако ти се дупне гума да ја замениш, ако треба да повикаш сервис да има кај да го причекаш итн. Живееме во мизерија и за жал ништо нема да се промени без разлика дали ќе биде живот или режим
Sent from my Samsung s8+ using Tapatalk