
Денеска е пуштен во употреба целосно модернизираниот регионален патен правец Свети Николе-Пробиштип во должина од 28 километри што досега не беше функционален, информира МИА.
Црвената лента на регионалниот пат ја пресече премиерот Никла Груевски, кој истакна дека многу години ова било само земјен коловоз и постарите жители, освен по маката да пристигнат до посакуваната локација, го паметат и како ветување дека ќе се изгради од многу претходни генерации политичари.
- Со изградбата на делницата меѓу селата Мечкуевци и Куково се комплетира регионалниот патен правец и се овозможува директна и најкратка врска меѓу Свети Николе и Пробиштип, како и на сите населени места што гравитираат на овој пат во двете општини. Растојанието меѓу Свети Николе и Пробиштип ќе се скрати за околу 25 километри што освен за жителите, е предност и за развој на економијата во двата града - рече премиерот Груевски, пренесе МИА.
LosiPatista