Со нивната музика како деца учевме што е информатика на ТВ. Од денес се со еден киборг помалку.
https://www.bbc.com/news/entertainment-arts-52564281
Завчера, што ми текна, си пуштив ред албуми од нив, бемти претчуство...
Florian Schneider, иако еден од основачите на Kraftwerk, сепак не е во последниот состав (не беше на последниот концерт 2018 во Скопје, но на оној пред 15-тина години на скопски саем беше, ако добро се сеќавам (кога ќе ми текне на тој концерт, уште вилицата ми паѓа ко тогаш кога излегоа на сцена прв пат).
Ralf Hütter заедно со Schneider се основачите, но Ralf остана цело време со бендот, и бендот има променето доста членови во меѓувреме.
Се надевам ќе продолжат со творештво, без разлика на нивната возраст и губењето на еден од основачите. Генерации научија што е добра музика благодарение на Kraftwerk.