Автор Тема: Q7 3.0 tfsi Да или Не  (Прочитано 306 пати)

Отсутен Grimriper93

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Q7 3.0 tfsi Да или Не
« на: 09 Септември 2026, 17:14:30 pm »
Добар ден драги форумџии.

Последно време ми фајќа око за q7 2017та година 3.0 тфси моторот.

Гледам кај нас на наш пазар ги има за 25-27к евра.

Дали има некој искуства да сподели со 3.0тфси моторот.

Гледам 3.0 тди се сеуште по 35к евра што е абсурдно за возило старо 10тина години.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7904
Одг: Q7 3.0 tfsi Да или Не
« Одговори #1 на: 09 Септември 2026, 20:55:36 pm »
Со која километража ги гледаш коливе?

Отсутен Grimriper93

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Q7 3.0 tfsi Да или Не
« Одговори #2 на: 10 Септември 2026, 17:56:37 pm »
Q7мицата што ја гледам е донесена од УСА Со целосна сервисна историја.

Моментално има 195к километри во МК е донесена пред 5 години со 140к.

Има целосна историја за последните 55к.

Присутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7429
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Q7 3.0 tfsi Да или Не
« Одговори #3 на: денес во 07:18:35 »
Земај, ако можиш да си дозволиш одржување, еднаш се живеј.

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5525
Одг: Q7 3.0 tfsi Да или Не
« Одговори #4 на: денес во 07:28:58 »
Otvori ubavo oci i proveri ja sekade kaj sto mozes. Mn vozila sto se nosat od US i Kanada vo Evropa se vozila sto bile totalka tamo

Sent from my SM-S938B using Tapatalk


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18189
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Q7 3.0 tfsi Да или Не
« Одговори #5 на: денес во 07:56:45 »
Q7мицата што ја гледам е донесена од УСА Со целосна сервисна историја.

Моментално има 195к километри во МК е донесена пред 5 години со 140к.

Има целосна историја за последните 55к.

Купуваш кола од 25000 евра која е на раб на предвидениот животен век. Таа сигурно ќе тера уште, ама не очекувај тоа да биде евтино и безгрижно.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7904
Одг: Q7 3.0 tfsi Да или Не
« Одговори #6 на: денес во 10:00:15 »
Q7мицата што ја гледам е донесена од УСА Со целосна сервисна историја.

Моментално има 195к километри во МК е донесена пред 5 години со 140к.

Има целосна историја за последните 55к.

Претпоставувам дека е истиот мотор што е во S5 B9(354hp), зошто и тој е исто 3.0 TFSI. Ако се решиш да ја купиш колата, ке мора веднаш да направиш сервис на менувачот, диференцијалот, водната пумпа да ја смениш, зошто е малтене познат проблем, и потоа да средиш се останато ситно што има проблем на колата. Сметај дека секој мал сервис ке ти носи и уште некоја ставка, било да се дискови, плочки, стабилизатори, или ако нешто затропка некаде.

Генерално, тргни си 5-10.000Е на страна за да ја потсредиш колата. Ако има адаптивни амортизери, и тоа ке мора да провериш до каде се, зошто се 56000 денари парче, таа километража што ја има колата е баш каде што се за замена. 

Моторот лесно иде на 400+ кс, многу убав звук има.