Автор Тема: 2012 Chevrolet Cruze 2.0 VCDi LT plus  (Прочитано 19078 пати)

Отсутен Mase

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 137
2012 Chevrolet Cruze 2.0 VCDi LT plus
« на: 25 Април 2012, 00:29:46 am »
Chevrolet Cruze 2.0 Diesel

Максимална моќност: 163 HP (120 KW) @3800 rpm,
Максимален вртежен момент: 360 Nm @1750~2750 rpm
Трансмисија: мануелна, 6 брзини.
Боја: темно сива, металик.

Од опрема: 6 воздушни перничиња, АБС, ЕСП, Серво волан, клима, радио мп3, аудио команди на волан, темпомат, кожа на волан и менувач, сензори за паркирање позади, 16ки алуминиумски бандажи, магленки ... и други ситници.













Сеуште не сум го сликнал ентериерот, но ќе додадам слики набргу.

Со возилото поминав околу 600 км и генерално може да кажам дека има добра удобна вожња, ниска потрошувачка. Моментално просекот е 6,5л/100 комбинирано според борд компјутер (извозени околу 200 км во Скопје, и 400 надвор).
Сега за сега сум презадоволен :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14241
  • Пудингот на шоферството
Одг: 2012 Chevrolet Cruze 2.0 VCDi LT plus
« Одговори #1 на: 25 Април 2012, 00:31:56 am »
Со здравје да се вози количето и многу безгрижни километри.Воедно добредојде на форумот и имај пријатен престој.А за задоволства и импресии почекај малку,одмори од еуфоријата па ке ни кажеш  ;) ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: 2012 Chevrolet Cruze 2.0 VCDi LT plus
« Одговори #2 на: 25 Април 2012, 00:39:03 am »
Супер избор! :)

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: 2012 Chevrolet Cruze 2.0 VCDi LT plus
« Одговори #3 на: 25 Април 2012, 01:52:16 am »
добре дојде пријателе .. пријатен престој, најс кар :)

Отсутен Лавче-156

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 186
Одг: 2012 Chevrolet Cruze 2.0 VCDi LT plus
« Одговори #4 на: 25 Април 2012, 01:59:31 am »
Ајде добре дојде , Количето е екстра , милиони километри да му извозиш

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: 2012 Chevrolet Cruze 2.0 VCDi LT plus
« Одговори #5 на: 25 Април 2012, 03:55:10 am »
Добредојде !!!

Одлична лимузина !

Долго да те служи и многу безгрижни километри ;)

и ако можеш измери растојание на штрафови на бандажите, да разрешиме дилемата :)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7244
Одг: 2012 Chevrolet Cruze 2.0 VCDi LT plus
« Одговори #6 на: 25 Април 2012, 05:12:28 am »
брат ајде и тука, со здравје да си го возиш количето, многу километри да си поминеш у најдобар ред ...

па те чекам некаде на 1/4 миља :):):):) да видиме што може ѕверчево :):):)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: 2012 Chevrolet Cruze 2.0 VCDi LT plus
« Одговори #7 на: 25 Април 2012, 08:23:28 am »
Одличен автомобил! Со среќа да го возиш!, и на собир да го видиме!

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3803
  • Боинг 747
Одг: 2012 Chevrolet Cruze 2.0 VCDi LT plus
« Одговори #8 на: 25 Април 2012, 08:35:52 am »
Добро дојде, правилен избор си направил со дизел моторот, па здравје километражата да ја свртиш на 999 999 :)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: 2012 Chevrolet Cruze 2.0 VCDi LT plus
« Одговори #9 на: 25 Април 2012, 09:16:29 am »
Честитки колега, ова е првпат да видам Крузе со дизел агрегат, многу безгрижни километри и повремено освежувај ја темата.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10948
  • 430i
Одг: 2012 Chevrolet Cruze 2.0 VCDi LT plus
« Одговори #10 на: 25 Април 2012, 09:28:11 am »
Одличен избор, супер.

Отсутен Mase

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 137
Одг: 2012 Chevrolet Cruze 2.0 VCDi LT plus
« Одговори #11 на: 25 Април 2012, 09:31:05 am »
Ви благодарам на сите за убавите зборови :)
@Rakun4e, договорено, ќе го земам метрото и ќе измерам растојание меѓу штрафови. А чекај, имаше некоја дискусија околу димензиите или?

@Tommy важи брат, само нека е 2/4 милја, секако ќе ми треба првата четвртина да го загреам моторот  ;D

Ќе гледам да дојдам на некој собир @zeroSignal, и да го ѕирнете возилото во живо :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: 2012 Chevrolet Cruze 2.0 VCDi LT plus
« Одговори #12 на: 25 Април 2012, 09:31:26 am »
Маршер би требало да извади бројка која би се заокружила на ~190кс, за симболичен надомест. :) :)

стариот круз:
http://www.smchiptuning.com/3505/chevrolet-cruze-2.0-vcdi-150

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10948
  • 430i
Одг: 2012 Chevrolet Cruze 2.0 VCDi LT plus
« Одговори #13 на: 25 Април 2012, 09:40:11 am »
Овој мотор си е од Шевролет развиен или дели со некој или е развиен на нечива платформа?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: 2012 Chevrolet Cruze 2.0 VCDi LT plus
« Одговори #14 на: 25 Април 2012, 09:56:05 am »
Итаљанска машина дише под хауба (но е GM-ов дизајн):
http://www.vmmotori.it/en/01/00/01/dettaglio.jsp?id=8

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.