Автор Тема: Краш тестови и безбедност на автомобилите  (Прочитано 100040 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Краш тестови и безбедност на автомобилите
« Одговори #480 на: 28 Октомври 2016, 09:43:41 am »
А зошто не ги удараат и од позади колите? И тоа е многу често сценарио на патиштата. Пример:


Патем Филип, ти за ова зборуваш, иако не се две исти коли. Најцврстиот дел од едната во најмекиот дел од другата. Иако овде проблем е зидот, кој  драстично ја отежнува ситуацијата на жртвата, да немаше зид немаше ни 40% од штетата да настане, максимум до задните седишта ќе се смачкаше, а вака децелерацијата мора да настане, а бидејќи предницата на волвото е 3x поцврста од задницата на асконата, асконата го прима целиот удар.

Верижни удари милиони годишно, а NCAP спие.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Краш тестови и безбедност на автомобилите
« Одговори #481 на: 28 Октомври 2016, 09:48:25 am »
Патем Филип, ти за ова зборуваш, иако не се две исти коли. Најцврстиот дел од едната во најмекиот дел од другата. Иако овде проблем е зидот, кој  драстично ја отежнува ситуацијата на жртвата, да немаше зид немаше ни 40% од штетата да настане, максимум до задните седишта ќе се смачкаше, а вака децелерацијата мора да настане, а бидејќи предницата на волвото е 3x поцврста од задницата на асконата, асконата го прима целиот удар.

Верижни удари милиони годишно, а NCAP спие.

Не зборувам (само) за ова. Зборувам за мал милион „рандом“ детали во сообраќајката кои можат да одлучат меѓу вртење у осигурање и бутел.

Може, на пример, хед-он судар на две идентични коли, едната со еден човек унутра, другата со 5 души плус куфер. На возачот на првата не му фали влакно од глава, другите унутра геноцид. (имаше клипче на јутјуб ме мрзи да го барам)

Како и да е, поентата ми е дека NCAP рејтингот не одлучува за конкретниот исход на некоја конкретна сообраќајка.


Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4021
Одг: Краш тестови и безбедност на автомобилите
« Одговори #482 на: 28 Октомври 2016, 10:47:33 am »
Некомпатибилен удар, спомнато неколку пати. Затоа ги мразам џиповите. Има да прегазат 5 автомобили со 5 звезди.


Типото е цврсто на фронтален удар, меко на страничен, ама му фалат на некои ситиници за да добие 4 звезди. Може со редизајн ќе го средат.

In both the side barrier and the side pole impacts the Tipo scored maximum points, with good protection of all critical body areas.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Краш тестови и безбедност на автомобилите
« Одговори #483 на: 28 Октомври 2016, 10:51:34 am »
Прочитав, кулата може не добила повреди при страничниот заради завеси перници, но пак колата се вика повеќе од што е потребно. Има доста подобри коли на овој тест.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Краш тестови и безбедност на автомобилите
« Одговори #484 на: 01 Ноември 2016, 08:52:12 am »
Еве една многу интересна споредба. И двете коли сè уште се произведуваат - едната е Nissan Versa (најевтиниот Nissan во Америка, произведен 2016), другата е Nissan Tsuru (најевтиниот Nissan во Мексико, произведен 2015).

Одличен пример за напредокот во краш-сејфти.

« Последно менување: 01 Ноември 2016, 08:58:59 am zeroSignal »

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Краш тестови и безбедност на автомобилите
« Одговори #485 на: 01 Ноември 2016, 09:30:46 am »
2016 vs 1990. Очекувано, пошто мексиканецот е лиценца од 1990.

Ај најди хед он краш тест меѓу Q7 и Golf 7 со 100кмх (збирно 200). Тоа е нормална секојдневна ситуација на две возила што прават директен судир, нормално е да се движат возилатаљ со 100 а не со 40, и нормално е да се удриш со џип а не со кола од 1990, затоа што се повеќе џипови има по улиците. Нема да најдеш затоа што ќе ја отворат пандорината кутија откако Q7 ќе го отвори голфот како сардина, па ќе мора да менуваат еден куп правила за да нормалните луѓе не бидат на место умртвувани кога се удираат со богатите снобови кој возат џипови.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Краш тестови и безбедност на автомобилите
« Одговори #486 на: 01 Ноември 2016, 09:32:37 am »

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Краш тестови и безбедност на автомобилите
« Одговори #487 на: 01 Ноември 2016, 09:39:02 am »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ретко, ама овој пат е full head on у право Лошко.

2016 vs 1990. Очекувано, пошто мексиканецот е лиценца од 1990.

Ај најди хед он краш тест меѓу Q7 и Golf 7 со 100кмх (збирно 200). Тоа е нормална секојдневна ситуација на две возила што прават директен судир, нормално е да се движат возилатаљ со 100 а не со 40, и нормално е да се удриш со џип а не со кола од 1990, затоа што се повеќе џипови има по улиците. Нема да најдеш затоа што ќе ја отворат пандорината кутија откако Q7 ќе го отвори голфот како сардина, па ќе мора да менуваат еден куп правила за да нормалните луѓе не бидат на место умртвувани кога се удираат со богатите снобови кој возат џипови.


Можда не е related ама има добра поента постот.
Таков тест не смее да излезе во јавност како што не смее да излезе во јавност кога ајкула јаде човек во Јадранско море во сред туритичка сезона.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Краш тестови и безбедност на автомобилите
« Одговори #488 на: 01 Ноември 2016, 09:43:41 am »
Јас се согласувам со Лошко, не дека не, ама поентата на видеото е да се покаже напредокот што го имаат направено во безбедноста кај like-for-like возила, иако во реалноста не секогаш се такви удесите.

Како и да е, не е дека нема такви тестови, секако дека има. Плус, забележете го трендот кај поновите SUV-ја - све се пониски и пониски. Граунд клиренсот е све понизок и понизок. Пројдоа времињата кога беа у небеса SUV-јата и кросоверите.

Еве, бујрум..


Значи, не е дека не се реагирало..

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Краш тестови и безбедност на автомобилите
« Одговори #489 на: 01 Ноември 2016, 09:44:23 am »
Можеби требаше да го пишам како посебен пост, за да има смисла, не е поврзан со твојот пост Зеро. Но моментално ова е најрелевантно за темава. Новиве Q7-ци превртуваат автобуси и камиони,  градени се како тенк. Препопасни се по патиштава, затоа што не возат 80кмх, имаат во просек по 350кс и шибаат затоа што никој не смее да им пише казна.

Не мора да е Q7, било кој SUV од таа класа. Volvo XC90 не е ништо помек.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Краш тестови и безбедност на автомобилите
« Одговори #490 на: 01 Ноември 2016, 09:51:09 am »
Ни јас не сакам SUV-ја, да се разбереме. Не само што не ги сакам, него дури ги хејтам ради апсурдноста. Не ја гледам поентата човек да купи SUV - особено просечен купувач на таква кола на кој што едино теренско возење ќе му биде качување на тротоар.

Све е тоа ради пување. Ради „ја имам поголема кола од твојата“ или „ја седам повисоко од тебе, ерго подобар сум“. Тоа е тоа и нииииишто повеќе, да се разбереме.

Ич не ги сакам. Ич, ич, ич. Не ги сакам ни просечните купувачи на X6 во нивната униформа од фармеки, патики и монтка-елеци. We've all seen them. Све се тоа душбегови.

Арно ама, трендовите одат натаму. Све повеќе и повеќе се купуваат SUV-ја и кросовери. Ама се размислува на нивниот ефект во сообраќајот, не дека не. Заради намалување потрошња се прават полесни, се прават пониски (пошто знаат производителите дека и О од Оф-Роуд нема да видат), се прават побезбедни.. Ни ја не ги сакам, ама све повеќе и повеќе се car-like, само што седењето е повисоко.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Краш тестови и безбедност на автомобилите
« Одговори #491 на: 01 Ноември 2016, 09:55:46 am »
Се сложувам....воедно (во стил на Миле Ј) ми текна, како може да се уништи трендот во секунда. Ограничи ги на 80/100кмх, исто како другите товарни возила и автобуси. Ако е SUV нема потреба да вози 250, нели? АКо може Caddy без прозори да е ограничено на 100, зошто да не и SUV од 3 тони.



Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Краш тестови и безбедност на автомобилите
« Одговори #492 на: 01 Ноември 2016, 10:00:32 am »
Не може, затоа што курчењето нема граници па не треба и брзината да има граници.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Краш тестови и безбедност на автомобилите
« Одговори #493 на: 01 Ноември 2016, 11:28:54 am »
Ни јас не сакам SUV-ја, да се разбереме.

Според „америчката“ дефиниција за сув, тешко дека ќе ги најдеш на нашите патишта.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Краш тестови и безбедност на автомобилите
« Одговори #494 на: 01 Ноември 2016, 12:12:50 pm »
Според „америчката“ дефиниција за сув, тешко дека ќе ги најдеш на нашите патишта.

Ме заболе мене дефиницијава за америчка-или-не-америчка дефиниција. Возилата се дефинираат по видови и сегменти, не по „амерички или не амерички“. Можеш да имаш subcompact SUV, compact SUV, midsize SUV, fullsize SUV, и тако даље. И сите, од прв до последен се во 99% од случаите непотребни. Треба да водиш таков животен стил за да ти е оправдано купувањето на SUV. Otherwise, нема поента.

Тек па новиве кросоверчиња, базирани на платформа од кола, само со 5-10 цм повисока суспензија и погон само на предни? Тек па тие колку немаат поента.. Тек они кажуваат колку нема поента SUV, и дека луѓе не ги купуваат за офроуд, туку за подпувнуење до кафич/продавница или пред комшиите..

Ајде те молам, глупости..