Ни јас не сакам SUV-ја, да се разбереме. Не само што не ги сакам, него дури ги хејтам ради апсурдноста. Не ја гледам поентата човек да купи SUV - особено просечен купувач на таква кола на кој што едино теренско возење ќе му биде качување на тротоар.
Све е тоа ради пување. Ради „ја имам поголема кола од твојата“ или „ја седам повисоко од тебе, ерго подобар сум“. Тоа е тоа и нииииишто повеќе, да се разбереме.
Ич не ги сакам. Ич, ич, ич. Не ги сакам ни просечните купувачи на X6 во нивната униформа од фармеки, патики и монтка-елеци. We've all seen them. Све се тоа душбегови.
Арно ама, трендовите одат натаму. Све повеќе и повеќе се купуваат SUV-ја и кросовери. Ама се размислува на нивниот ефект во сообраќајот, не дека не. Заради намалување потрошња се прават полесни, се прават пониски (пошто знаат производителите дека и О од Оф-Роуд нема да видат), се прават побезбедни.. Ни ја не ги сакам, ама све повеќе и повеќе се car-like, само што седењето е повисоко.