Volvo V40 е најбезбедниот автомобил во историјата
А тоа е утврдено преку EuroNCAP тестирањата...
По огромниот број тешки тестирања, EuroNCAP го прогласи новиот Volvo V40 за најбезбеден автомобил кој бил некогаш тестиран од нивна страна. А имајќи го во предвид степенот на ригорозност при нивните тестирања, оправдано е да се констатира дека V40 е најбезбедниот автомобил некогаш произведен.
Како што е познато, EuroNCAP ги тестира возилата во четири категории – безбедност за возрасни патници, безбедност за деца, безбедност за пешаци и безбедносни системи за асистенција на возачот.
Во сите категории, Volvo V40 блескаше – рејтинг од 98 проценти безбедност за возрасни патници (што воедно е најдобар резултат постигнат од било кој автомобил во историјата на EuroNCAP тестирањата), како и новиот безбедносен систем – Airbag за пешаци, со рејтинг од импресивни 88 проценти, само го потврдуваат тоа.
Перфектното издание на V40 на овие тестирања беше заокружен со промоција и тестирање на безбедносните системи - Pedestrian Detection, City Safety, автономно сопирање и огромен број други системи.
Единствена “дамка” на овие резултати фрли просечниот рејтинг од 75 проценти за заштита на деца патници. Но, тоа е и постигнувањето на последните тестирани модели – Audi A3 и KIA Cee’d.
Извор: koli.com.mk
Тек сега онак кога ќе види...