Кога возилото се купува од салон, во самата фактура, декларација, хомологација или што год да е е наведено дека колата има фабрички затемнети стакла, и тоа треба да стои во сообраќајната.
Зошто?
Затоа што постојат исти такви возила кои немаат фабрички затемнети стакла.
Може да се случи:
- Купиш кола без фабрички затемнети стакла. Најдеш стумбана кола и си ги префрлиш затемнетите стакла на твојата. Но тоа возило со тој број на шасија нема поминато хомологација со затемнети фабрички стакла. А ти пример се правиш паметен дека не треба да имаш запишано дека се стаклата запишани.
Тоа што не биле запишани на времето и што никој не води евиденција за тоа, е друга прикаска.
Но во принцип ако сака, полицаецот ке ти пише казна, ти не ја плаќај и оди докажувај се по судови. Он нема ни да се појави, а ти додека се докажеш тие 300 еур казна ке станат 3000... Поликаецот пак ништо нема да изгуби, државата ќе ги покрие тие трошоци. А државата никогаш не губи, ке изгуби тој што се инаети. И на крај ке му пресуди судот дека не е во право и дека ке треба да ги тужиш технички што не ти го впишале податокот за фабрички затемнети прозорци. А технички ако нема во декларацијата за возилото пишано дека има фабрички затемнети стакла ке се повика на тој документ и ке биде во право. И ке рече дека за возило со тој број на шасија нема фабричка декларација за затемнети стакла
Не прозивам никого, него едноставно не можеме да се инаетиме со држава, органи, закони, па макар и да сме во право.
Ако има можност, треба да се повикаме на документ за да се зашише се она што е од опрема наведено дека треба да го има, конкретно затемнетите стакла. Дури и јас кога ја купував колата ги замолив во документите обавезно да биде нагласено дека се фабрички затемнети стаклата и од технички истото ми го посочија, да не го заборават тој податок, зошто во спротивно нема да можат да го запишат...