Кај мене во лична карта ја згрешија улицата, грешка која ја увидов по скоро месец дена, затоа што кога ја зедов личната карта, проверив име, презиме и матичен број. Кога се вратив да им покажам каде згрешиле, ми рекоа дека сум бил должен веднаш да ја пријавам грешката за неисправниот документ и дека имало казна за ненавремено пријавување. Апсурд, затоа што е нивна грешка, ама ме мрзеше да листам Службен весник дур дремам на шалтер, зашто не сакаа да ми кажат по кој член е таа казна. На крај пишаа Техничка Грешка, како причина за реиздавање на нова лична карта.
Нема да ме чуди да се најде некој "генијалец" во Полиција и на фабрички затемнети стакла, кои не се впишани во сообраќајна, да пише казна, зашто нели, одговорноста за било каква грешка во сообраќајната паѓа кај сопственикот на возилото да ја пријави. Кај здраворазумен судија, ова казна никогаш нема да помине.