Автор Тема: Идеолошка тетоважа..  (Прочитано 70763 пати)

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #346 на: 09 Октомври 2012, 18:08:55 pm »
Со вакви по град се шетам.





P.S.


Деновиве е забелажан феномен не сретнат во поновата историја на Македонија.Имено лице со иницијали Ж.Т вработен како продавач, им соопштил на своите блиски дека на 1 октомври имал уште 500 денари останати од претходната плата. Оваа изјава кај неговата сопруга А.Т предизвикала изливи од типот на “Лопов, Издаицо Ѓубре, Коцкар!

Алудирајки на податокот дека најверојатно нејзиниот сопруг Ж.Т или ја поткрадува државата или затајува данок или пак се калдел и добил на мечот Шкендија -Вардар. "Неговата ќерка пак ги покрила очите и низ солзи му рекла:

“Се срамам од тебе. Ти повеќе не си ми татко.“ "Комшиите кои биле сведоци на овој настан бидејќи се случил во дворот на неговта барака во Тафталиџе, вознемирено зборуваат дека навистина не знаат што се случило и потврдуваат дека Ж.Т од секогаш важел за мирен тивок и човек кој живеел исто како и останатите, редовно живуркајки во последните денови од месецот, и дека навистина им е тешко што ваква трагедија им се случила токму на нивните соседи.

Целата вест на:
http://puls24.mk/index.php/puls24/oglasi/oglasi-vrabotuvanje/3419-somnitelno-na-makedonec-platata-mu-stignala-na-prvi222
« Последно менување: 09 Октомври 2012, 18:30:38 pm Deni »

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #347 на: 09 Октомври 2012, 22:18:15 pm »

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #348 на: 10 Октомври 2012, 16:10:30 pm »
Продавач на наркотична дрога....



Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #349 на: 10 Октомври 2012, 22:11:34 pm »
Љубомир Данаилов Фрчкоски
ЕМБАРГО 1992-1994
(колумна)

Имаше три ембарга кон и од Македонија, драги мои. Две беа грчки кон нас, а едно беше од Обединетите Нации кон Србија (и преку нас).

Во првите две македонската власт (сите фактори) успеаа да ја одржат на нозе македонската економија со судни маки и отворање на сите приватни и јавни потенцијали за увоз на нафта (меѓу другото ) највеќе преку Бугарија. Во таа смисла беше клучна улогата на Желев и Бугарија, која остана отворена за нас во тој драматичен период. Македонија ги „порази“ грчките ембарга, не потклекна и ја зајакна својата самодоверба во ситуација кога многу меѓународни фактори не убедуваа дека немаме излез и дека треба да попуштиме на грчкиот притисок.

Ембаргото кое го воведе ООН кон режимот на Милошевиќ и Србија беше од поинаков вид, но се покажа исто толку индиректно опасно за нас. Ние тоа ембарго без двоумење го поддржавме, но од почеток им предочивме на сите меѓународни фактори (посебно Американците) дека целта на ембаргото е да ја изолира и наштети на Србија, а не да ја колапсира Македонија и македонската економија. Имено, скоро 80% од македонската економија (ни се допаѓало тоа на нас или не) беше ориентирана кон извоз и увоз од Србија и останатите југо-простори (преку територијата на Србија). Нас ембаргото на српската граница ни се закануваше со брз колапс на целата македонска економија, бидејки веќе бевме блокирани на јужната граница од Грција и со тоа отсечени по клучната трговска трансверзала за нас, север-југ (ако се земе предвид дека исток-запад беше затворена поради колапсот на Албанија и немањето трговски врски со Бугарија ?? излез не се гледаше). Секоја влада во Македонија без двоумење и сите бизнис и политички фактори го признаваа тоа и запомагаа за решение! Тоа го прифати и целата меѓународна заедница посебно Американците кои преќутно се согласија дека треба тоа ембарго од Македонија кон Србија да попушти (со услов: нема оружје и стратегиски материјали за војната).

За да се воспостави контрола во пробивот на ембаргото владата на Македонија формираше Комисија на чие чело застана потпреседателот за економски систем Ј. Андонов ( Реган ) и каде членови беа П.Трајанов, С.Богоевски (тогаш потсекретари во МВР), еден член од министерството за стопанство и царината. Таа комисија требаше да одобрува кои фирми ќе транспортираат и што, да следи и контролира се што одеше преку границата. Македонските фирми кои транспортираа роба се најавуваа кај оваа Комисија, уплаќаа некаква сума, процент од проценетата роба на посебна сметка во буџетот на РМ и по оценка на Комисијата добиваа дозвола за транспорт.

Тоа се го знаеја странците и не протестираа. Македонија не доби никаква опомена од релевантен меѓународен фактор за таа операција на пробивање на ембаргото (Постоеше ООН комисија за мониторинг, а други држави добиваа, на пример Романија и Бугарија) бидејки сите знаеја дека на Македонија такво олабавување на ембаргото и е дозволено. Можеби Американците не го информирале својот амбасадор (Комраз) во тоа време или го оставиле педагошки да не притиска „да не претераме“, но немаше никаков формален протест или постапка за казнување по повод попуштеното ембарго.

И што тука не им е јасно за тапоглавиве ДПМНЕ-вци? Сите документи за ова им стојат во Владата и можат сите детали да ги проверат во секое време! Во тој контекст за каков „шверц“ тие зборуваат? Да беа портокаловиве гилиптери тогаш на власт, од пробивот на ембаргото ќе направеа херојски проект на преживување на Македонија за кој, на заслужните, Хорхе ќе им делеше медалји! А оние кои тоа би го преиспитувале ќе ги прогласеа за црни предавници!

Но, сепак попаметни и поодговорни луѓе тогаш ја водеа земјата, драги мои. Такви на кои не им беше до личен и партиски пи-ар, туку Македонија да преживее и да се консолидира и успеаа во тој основен проект.

Денес дел од тие луѓе доживуваат да гледаат како секое улично куче ја замочува таа бандера со најдолни приказни за шверц на нафта, и црни ќеси полни со дојч-марки давани од прељубници по контејнери – во лоша македонска верзија на серијалот. Неспособната власт одадена на зависност од опијатите на пропагандата им продаваат пакети, лаги и фантамазгории и ги осакатуваат младите Македонци и Македонки лишувајки ги од елементарно знаење за сопствената понова, сепак храбра и одважна демократска историја.

ПС 1. За сите детали околу ова и за приказната на македонската независност, за ликовите кои беа храбри, кукавици и подлеци во тој процес до денес ќе читате драги мои во мојата книга од едицијата „Младите лавови на македонската независност“ (издавачот, како од времињата на сталинизмот не можам да ви го откријам сега да не настрада пустиот) која ќе излезе деновиве кај нас!

ПС 2. Со големо олеснување ние Македонците ја примивме веста дека Паско Кузман е зад петиците на Александар (гробот на кралот македонски). Бидејки се носеа гласови дека Паско е зад газ…. на истиот или најмалку под опашката на Букефал и сите не тресеше треска што ќе се случеше ако Александар или Букефал направеа цурик-чекор назад! Ке требаше Центарот за кризи да го вади Паскота од тие недолични задни места за нашата етничка гордост. Вака од зад петици, ако се случи цурик, само ќе „крцне“ пусти Паско за славата на Македонија!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #350 на: 10 Октомври 2012, 23:40:30 pm »
 :-X
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #351 на: 12 Октомври 2012, 11:08:04 am »
Да се знае кој другому гроб копа. (не се важни обележаните - важно е кој е ЗА цензурата)


Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #352 на: 12 Октомври 2012, 11:20:30 am »
Гласав ЗА и НЕ гласав ПРОТИВ.


Пролив.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30069
    • CARclub.mk
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #353 на: 12 Октомври 2012, 11:41:55 am »
99% од овие не знаат за што гласале.

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #354 на: 12 Октомври 2012, 11:45:13 am »
Добро сеа што значи ова..?
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7561
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #355 на: 12 Октомври 2012, 11:50:49 am »
Значи дека во нарениов период, чичо грујо ке може да ти каже што да НЕ пишуваш на нет, и ако е критика против него, може да идеш у апсаана...
Многу му срале луѓево за неговото Скопје 2014, па сака да ги замолчи.

Биднавме како Белорусија, или која и да беше држава која исцензурира све живо и диво на нет.
Интересната работа е што све ова поминува тивко, и да не беше сликата на Дени, немаше ни ја да знам што ни спремаат.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30069
    • CARclub.mk
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #356 на: 12 Октомври 2012, 11:51:09 am »
Тоа што беше AKTA/SOPA за Европа, новиот закон за цензура на интернет е за нас. Во кратки црти, значи дека интернет провајдерите ќе бидат одговорни за содржините кои нивните клиенти ги ставаат на интернет, односно многу елегантен механизам за контрола на интернет порталите.

Член 11
(1) Провајдерот на интернет услуги превзема одговорност, заедно со авторот, за надоместување на штетата која произлегува од овозможување на пристап до навредливи или клеветнички информации.
(2) Провајдерот на интернет услуги не одговара за изнесена навреда или клевета како резултат на овозможување пристап до навредливи или клеветнички информации под услов доколу:
1) докаже дека авторот на информацијата објавена на веб порталот не дејствувал под директна или индиректна контрола или влијание од страна на провајдерот на интернет услугата, и
2) докаже дека не бил свесен ниту трeбал да биде свесен дека навредлив или клеветнички материјал е објавен на веб порталот, или, во рок од 24 часа откако станал свесен за навредливиот и клеветнички карактер на објавениот текст или информација, ги превзел сите технички и други мерки за отстранување на таквата информација. Барање за отстранување на информација може да поднесе и оштетеното лице.

Во кратки црти - ако некоја фирма, партија, организација, што и да е, прочита нешто на интернет што не и се свиѓа, може да бара одговорност од тој што го напишал, но и фирмата која го хостира сајтот. Фирмата за да докаже дека не е одговорна, ќе мора да докаже дека не го натерала човекот кој ја напишал информацијата да ја напише. Со други зборови, ќе мора да вработи луѓе што ќе читаат се што нивните клиенти поставуваат.

Многу убаво е објаснето - http://jovanatozija.blogspot.com/2012/10/blog-post.html

Добредојдовте во Кина.

Реално, ќе се случи масовен егзодус на секој портал од државава, и се ќе се хостира во странство. Сите Македонски фирми кои нудат такви услуги ќе ги изгубат своите клиенти (или барем големите клиенти) и one way or another ќе пропаднат. Ќе се намали квалитетот на содржините на интернет во Македонија заради поголемите трошоци за нивно прикажување (а верувајте ми, трошоците нит се мали, нит е лесно да се обезбеди спонзорство) и ќе се врати состојбата во Македонија како што беше пред 15-тина години, кога постоеа пар Македонски сајтови, и тоа е тоа.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #357 на: 12 Октомври 2012, 11:54:25 am »
Дека ќе се преселиме од државава, сите топтан ако го изгласаат. Притоа колејќи се пред себе на патот кон граница.


Има 3 исходи.

1. Гласал за = ГЛАСАВ ЗА
2. Воздржан = НЕ ГЛАСАВ ПРОТИВ
3. Против = ГЛАСАЛ ПРОТИВ

- Со други зборови истото што се случи на А1 ќе се дешава по интернетов.

П.С. Не дека знаат што гласаат. Туку гласаат како што им е наложено. И така нив НИШТО не им менува, нит ги интересира. Гласаат ЗА заради партијата од која ќе ги избркаат. Го немаат прочитано текстот за кој гласаат ЗА. А во случајов, текстот е КОБЕН за сите помлади од 30 години, и за повеќето помлади од 60 години.

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #358 на: 12 Октомври 2012, 13:38:30 pm »
Meral Uzeiri Ferati TOP e cucaaaataaa  ;D  ;)  :o :P :-*
« Последно менување: 13 Октомври 2012, 01:12:39 am NUME »

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #359 на: 12 Октомври 2012, 23:22:19 pm »
добро бе сеа место со име и презиме ќе си пцуеш со иницијали па нек се ебат у гс шупаците