ДОНИРАНА КОЛИЧА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ФУДБАЛСКИОТ ТЕРЕН

Во присуство на наставници и ученици од ООУ „Никола Карев“ од Кочани, членови на ОФС – Кочани, ЖФК „Кочани“, Петлињата на ФК „Кочани“, Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски како и медиумите од Општината, во Сабота точно на пладне на теренот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани се изврши свеченото доделување на количка за одбележување на фудбалскиот терен, донација на Асоцијацијата „Алзас – Македонија“ (АЛМА).
Оваа донација е дел од проектот собирање на колички во Алзас (Франција) за исцртување на фудбалски терени, опрема која е поправена од страна на асоцијацијата и доставена во Македонија за да се подели на фудбалските клубови преку ФФМ.
Овој проект заедно со Проектот за собрани и доделени околу 1.800 француски книги, добија поддршка во Македонија од страна на Француската амбасада и од Франкофонскиот круг во Скопје.
Пред поканетите гости за целта на донацијата свое обраќање имаше Жак Шлеф Претседател на АЛМА, а капитенот на ЖФК „Кочани“ Ана Веселинова во името на клубовите од Кочани ја прими донацијата од рацете на Андре Булер, претставник на Фудбалската Лига на Алзас.
http://komarec.com.mk/poveke.php?id=7876