Значи, да ти објаснам нешто..
Колку е заштитен сајтот нема ама баш никаква врска со тоа дали и колку превари има на него. Нека ги има сите технички заштити сајтот, ако седне човек пред компјутер и рачно ги внесува податоците, преку регуларниот систем за внесување податоци (формулари, итн), ниеден систем нема да може да го запре.
Може да банираат по IP адреса, може да банираат и по опсег на IP адреси.. Ама верувај ми, заштита на сајтови и заштита на мрежи нема никаква врска со превари. Нека биде најзаштитен во свет сајтот, јас ќе внесам оглас со hotline телефон или ќе барам некој да ми испрати пари до WU или Paypal. Каде е заштитата таму?
Не треси зелени. Можеби по Бугарските сајтови има помалку превари заради тоа што Бугарија е помал пазар од Германија или заради тоа што преварантите од Бурунди и Брегова Слоновача не чуле за Бугарија, ама не треси ствари од ракав..