Чим си ги опнал на фејсбук - истиот момент експлицитно си се октажал од какви било права врз нив. Тоа важи за текст, слики, видео, аудио. Тоа е дел од условите за користење на фејсбук на кои си се согласил кога си стискал таму I agree... Потполно е сеедно дали имаат печат, watermark, ово, оно. Тоа е само украс.
Значи, пази, слика. Не линк до слика. Си ја аплоудувал на фејсбук? Чао. Више не полагаш никакво право на неа (освен морално), а според чл. 2 точка 1:
https://www.facebook.com/legal/terms
Тресе, тресе, тре-се-ме, гајле си, не-ма-ме..
Не.
Кога веќе се референцираш на Член 2, точка 1, барем прочитај го, и разбери го.
„For content that is covered by intellectual property rights, like photos and videos (IP content),
you specifically give us the following permission, subject to your privacy and application settings:
you grant us a non-exclusive, transferable, sub-licensable, royalty-free, worldwide license to use any IP content that you post on or in connection with Facebook (IP License). This IP License
ends when you delete your IP content or your account unless your content has been shared with others, and they have not deleted it.“
Значи, не е дека ти си се откажал од некакви права. Глупости на квадрат. Не си се откажал од правата, едноставно си им дал права и на Фејсбук да ги користат твоите IP материјали во некакви цели. Ама правата ги дал на Фејсбук, не на трети личности, фирми, организации, итн. Additionally, кога ќе ги избришеш тие материјали, Фејсбук веќе нема права на нив. Обично користат слики од насмеани луѓе во промотивни цели.
In other words, он ставил слики на фејсбук, фејсбук има право да ги користи. Macedonia Tuning (или како и да се викаат), немаат право.
јас колку што знам, чим си гипостирал сиките јавно, тогаш има право да ги користи кој и како сака, само тоа треба да биде линкувано и НИКАКО да се симне водениот или каков и да е печат на сликата.. тоа е казнивото и за кое можеш да ги тужиш...
Не. Ако се објавени јавно сликите, не значи дека секој може да ги користи без дозвола, без разлика на вотермарк. Без дозвола на авторот (што по дифолт е фотографот, без разлика дали фотографот ги правел по нарачка за некого сликите или не), фотографиите не смеат да се користат. Тоа би значело дека конкурентите на Карклуб би можеле да ќарат наши фотографии и да ги објават кај нив.
По дифолт, фотографиите му припаѓаат на фотографот, и не смеат да бидат објавувани без негова дозвола. Фотографот има опција да продаде право на користење на друг, без да ги отуѓи своите права (односно фотографот да остане сопственик на фотографиите, но да даде на трет ентитет право да ги користи) или пак целосно да ги продаде правата на фотографиите и воопшто да нема права на нив понатаму.