Автор Тема: Центрирање на предница КАДЕ???  (Прочитано 108213 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6366
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #405 на: 19 Јули 2024, 17:36:18 pm »
Требаше да му речиш, "немам пари сега, со наредната плата ќе го средиме се ова шо ми го кажа."

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6599
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #406 на: 19 Јули 2024, 18:12:18 pm »
Бев во Тим Ауто, прв ми крена на телефон, Мето ми се јавија после некој час.

Мето не закажува, прв дојден, прв услужен редоследно.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #407 на: 19 Јули 2024, 19:06:46 pm »
Бев во Тим Ауто, прв ми крена на телефон, Мето ми се јавија после некој час.

Мето не закажува, прв дојден, прв услужен редоследно.

Не знаев затоа им ѕвонев, пред некоја година кога бев ми рекоа јави се да закажеме.
« Последно менување: 19 Јули 2024, 19:39:18 pm DarthJe5us »

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6599
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #408 на: 19 Јули 2024, 19:25:59 pm »
Јас лани кога бев, ми рече дојди и чекај си ред.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #409 на: 19 Јули 2024, 19:45:15 pm »
За што кола се работи, и дали си сигурен дека не учествувала во сообраќајка?

Сигурен сум дека не била во сообраќајка колата. Како и да е имаше минимални изместувања мислам на "toe" по 1.5мм од страна. На крај од едната страна немаше отстапоување на другата ја остави 1мм.

Дополнително сега ми текна дека ептен ми ги издиша гумите и не калибрација на TPMS. Според него 2.2 најдобар притисок било за возење. Морав да одам после дополнително кај мојот вулканизер да се напумпаат гумите ко што треба.

Фабричките препораки се доста повисоки во завиност од тоа колку е товарена колата и 2.2бар е прениско за 18“ фелги.
« Последно менување: 19 Јули 2024, 19:58:02 pm DarthJe5us »

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14232
  • Пудингот на шоферството
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #410 на: 20 Јули 2024, 02:20:40 am »
Се обидувам да замислам одење кај "твој" вулканизер како изгледа?
Тој матичен ти е,има посебна некоја опрема или?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #411 на: 20 Јули 2024, 15:47:32 pm »
Се обидувам да замислам одење кај "твој" вулканизер како изгледа?
Тој матичен ти е,има посебна некоја опрема или?

На бензинските ниеден компресор не е баждарен, а дури и да е компресорот баждарен цревата се испокинати и пиштолите се испомавани. Не даваат точен притисок скоро никаде.

А за одењето кај вулканизерот изгледа многу едноставно, одам кај него, завршува работа што има и му плаќам.

Работи коректно, не морам термини да закажувам, не продава гуми со старо производство, не ми дал предлог да купам лоши гуми никогаш итн.
« Последно менување: 20 Јули 2024, 16:33:49 pm DarthJe5us »

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5666
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #412 на: 20 Јули 2024, 16:32:28 pm »
Не сакам да ме сфатиш погрешно, ама притисок на гуми можеш сам да си провериш. Се купува дигитален мерач за притисок, 300-500 денари е и си завршил работа за најмалку 5 години унапред.
А баждарени компресори се зачекуваат, ама поретко.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #413 на: 20 Јули 2024, 16:35:57 pm »
Не сакам да ме сфатиш погрешно, ама притисок на гуми можеш сам да си провериш. Се купува дигитален мерач за притисок, 300-500 денари е и си завршил работа за најмалку 5 години унапред.
А баждарени компресори се зачекуваат, ама поретко.

Можам да купам, ама да пумпам гуми и да проверувам додека не го погодам точниот притисок е многу замарање.

А и за тој мерач од 300 денари ќе морам прво да отидам да најдам референтна вредност за да знам колку утнува.

Присутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1806
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #414 на: 20 Јули 2024, 18:44:15 pm »
Кога сме кај мерачите на окта има мануелни на компресорите таму сум допунувал одкако на макпетрол ми ја издиша делуваа океј

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6667
  • Бенве сие бенве
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #415 на: 21 Јули 2024, 09:37:01 am »
Многу драма околу мерачиве, не знам кај пумпате вие но мене од макпетрол или лукоил секогаш според сензорите ми се поклопувал притисокот со зададениот на апаратот.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4969
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #416 на: 21 Јули 2024, 10:55:22 am »
Многу драма околу мерачиве, не знам кај пумпате вие но мене од макпетрол или лукоил секогаш според сензорите ми се поклопувал притисокот со зададениот на апаратот.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Trkaci be 0.05 im menja mnogu

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #417 на: 21 Јули 2024, 14:10:35 pm »
Многу драма околу мерачиве, не знам кај пумпате вие но мене од макпетрол или лукоил секогаш според сензорите ми се поклопувал притисокот со зададениот на апаратот.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Еве јас сум имал до 1 бар разлика на 3 коли и мотор.
« Последно менување: 21 Јули 2024, 14:21:46 pm DarthJe5us »

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6667
  • Бенве сие бенве
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #418 на: 21 Јули 2024, 14:27:56 pm »
Те мрази апаратот


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен mac_mk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #419 на: 21 Јули 2024, 14:57:04 pm »
Јас пред неколку месеци пред идење за Белград ги напумпав сите на 2.3 на макпетрол спроти џевахир, ми беше чудно возењето цело време натаму, направив проверка на една пумпа таму и сите беа на 2.8, го прашав вработениот и тој тврдеше дека нивниот компресор е 100% исправен, ги издишавме до 2.3 и после возењето беше како што треба.

Sent from my SM-G980F using Tapatalk