Затоа у Градско или на Плетвар ќе ти турат нова, таман дур да се измочаш.
Менувањето трае 5 минути. Претпостави дека на Стража има една станица за менување, еве две (естимирана цена на една станица за менување е 500.000 евра). Колите на струја станале популарни, па се возат повеќе. Пред тебе има уште 10-15-20 коли што треба да сменат батерии. Оп, одеднаш патувањето што треба да трае два саата, ти трае три саата, од кои што еден саат ДРЕМЕШ У МЕСТО.
Луѓе, не си играјте играчки и не си правете филмови. Многу добро знаеме колку стануваме кенкави кога треба нешто да чекаме. Од што беше добар концептот, еве глеам успеа. Да не праиме муабет дека идејата на Better Place беше да ти биде батеријата на лизинг купена. Односно - купуваш кола на струја, плаќаш струја за полнење, и уште 100 долари (грубо, мислам) месечно за лизинг на батеријата? Ај те молам..
За некоја технологија да биде прифатена, едно од барањата е да биде поедноставна од тековната. Затоа успеа ЦД на рачун на Винил, затоа успеа МП3 на рачун на ЦД. За да бидат електричните коли прифатени, треба да ми го
олеснат, не да ми го искомплицираат животот. Не да се потресувам ја дали ќе успеам да се качам на Стража, и дали да угасам клима (скраја да е) за да успеам да стигнам до станица за мењање батерии.. Ја телефонот заборавам да го стаам на пунење, не па колата.. Кога кола на струја ќе има
реална (не на хартија) автономија од 500 километри, можеме да праиме мубает. Знаете колку е real-world автономија на Nissan Leaf? Помалку од 100 километри.