Daimler сака да ги преземе 3-цилиндричните мотори на Ford
Во новата соработка, Daimler би го користел турбо 3 моторот во следната генерација на Smart ForTwo, како и кај Renault Twingo...

Наскоро на пазарот во САД, Ford ќе ги презентира своите 1,0-литарски EcoBoost 3-цилиндрични мотори, вградени под хаубата на моделот Fiesta, благодарение на позитивните реакции кои овие мотори ги предизвикуваат кај клиентите „преку барата“. Всушност, успехот на пазарот ги наведе и другите производители да размислат за своите понуди за моторизација, а Daimler преговaрa со Ford во обид да издејствува дозвола за користење на овие мотори кај своите возила.
На другите пазари, Ford ги нуди 1,0-литарските мотори под хаубата на моделот Focus, како и на B-Max MPV. Во новата соработка, Daimler би го користел турбо 3 моторот во следната генерација на Smart ForTwo, како и кај Renault Twingo – автомобил на кој германскиот производител ќе соработува благодарение на партнерството со Renault-Nissan. Неодамна еден инженер вработен во Mercedes-Benz го карактеризираше 1,0-литарскиот мотор како „интересен и импресивен“.
Во замена за детали за EcoBoost моторите, Daimler ќе го снабди Ford со информации за неговиот бензински мотор кој е вграден во новата E-Класа и кој воедно е одликуван со Euro 6 сертификат.
Кога станува збор за развој на мотори, ова не е прв пат Ford да се впушти во соработка со Daimler и со Renault-Nissan. Порано годинава, претставници на трите компании изјавија дека ќе работат заедно за развивање на водородни горивни ќелии, со надеж дека до 2017-та година ќе успеат да промовираат мотор на база на водород.
http://koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=3856