Експертите од компанијата Garet, најпознатиот производител на турбо полначи, добиле брилијантна идеја. Во турбо полнач ќе инсталираат електричен мотор, кој при помало оптеретување, импулсивно ќе го ротира компресорот со брзина од 180.000/мин...

За примарното придвижување на компресорот, во функција ќе остане и турбината со ротирачки лопатки (VNT) и двата погонски системи ќе работат заеднички. Со ова ќе се забрза дотокот на гориво и целосно ќе исчезне т.н. "турбо - дупка". Исто така ќе се зголемaт ефикасноста и перформансите на моторот и ќе се придонесе за натамошно намалување на потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови.
Иновативниот турбо полнач со вграден електромотор, дополнително ќе го подобри полнењето на чувствителната работната површина и еластичноста на моторот. При полн погон електромоторот би бил исклучен. Предностите на турбо полнач со помошен електричен мотор најмногу се забележуваат при мали брзини. Кај 1.500/мин. класичен, турбо полнач се постигнува целосна ефикасност по 2-3 секунди, а со електричниот само по една секунда. Подобри перформанси се постигнуваат, бидејќи се овозможува речиси линеарно зголемување на притисокот на полнење, кој има позитивен ефект врз потрошувачката.
Со задржување на оптималните оперативни параметри на моторот, потрошувачката на гориво е намалена за 5 до 10 проценти. Овој систем нуди уште една голема предност. Електричниот турбо полнач може да го внесе воздухот во цилиндрите неколку моменти пред да го запалите моторот, со што се остваруваат претпоставките за моментно палење на горивото кај дизел моторите.
http://koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=3833