Како што рековме, дури 22 % од новите автомобили продадени во светот, ги краси токму белата боја. Втора најпопуларна автомобилска боја годинава е сребрената – со 20 %. Трета е црната, со 19 %.

Ова се резултати од истражувањето, спроведено од PPG Industries, Американски производител на боја за автомобили.
Првите пет ги заокружуваат сивата и црвената боја. Што се однесува до белата боја, истата е на врвот од листата веќе втора година по ред, истиснувајќи ја сребрената од првата позиција, минатата година.
Популарноста на боите се разликува во различни региони. Така, во Европа, Северна Америка и Азија, белата е најпопуларна, а по неа следат сивата, црната, па на четврто место е сребрената.
http://koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=3221